КОРПОРАТИВНА ПОДДРШКА: МОЖНОСТИ ЗА СПОНЗОРИРАЊЕ

МОБ нуди широк спектар на програми за корпоративните спонзори, вклучувајќи  спонзорства за сезона, краткорочни спонзорства за фестивали или поединечни продукции.  Достапни се различни можности, низ различни нивоа на спонзорирање. Вработените во МОБ со задоволство ќе работат со Вас за да го прилагодат Вашето спонзорирање во пакети и да излезат во пресрет на вашите специфични потреби како спонзор, генералне спонзор и ексклузивен спонзор.

 

Тековна сезона

Тековната сезона на Македонската опера и балет  е еден од камен-темелниците на програмската понуда на куќата. Спонзорство овозможува ПОВРЗАНОСТ со импресивна серија на драматични музички театарски хитови, нови дела, и меѓународни претставувања. Програмата се состои од оперски и балетски дела кои единствено се „гаат“ на сцената на МОБ. МОБ обезбедува можности за значителни целогодишни спонзорства и истакната видливост, вклучувајќи и поврзаност со неизмерно популарни наслови. (Оваа понуда се регулира со дополнителен договор).

 

Фестивал/и

Меѓународниот уметнички фестивал „Мајски оперски вечери“  се користи како платформа за презентирање на достигнувањата на оваа сценско-музичка понуда во светски рамки.Фестивалот нуди интензивно изложување на специјализирани сегменти на пазарот од понудата на корпоративниот спонзор  и вклучување во голема маркетинг видливост. (Оваа понуда се регулира со дополнителен договор).

 

Специјални настани и Гала вечери

Гала вечерни збиднувања (солистички концерти, вокални и инструментални) изведени со целокупен состав на Оркестарот и Хорот на МОБ, но и преку  помали камерни состави, изборот зависи од програмската понуда на МОБ.  „Традиционалниот гала концерт по повод празникот Василица“, кој секоја година се одржува на 12 Јануари е прилика која привлекува голема медиумска покриеност и заинтересираност кај публиката. (Оваа понуда се регулира со дополнителен договор.)

 

БЕНЕФИТИ ОД СПОНЗОРСТВОТО

Спонзорот  на  МОБ  може да ги содржи следните права и бенефиции, според степенот на поддршка. Ние сме повеќе од среќни да работиме со секој спонзор, за  да се развие соодветено насочен спонзорски пакет со вашите бизнис цели.

 

Визибилитет

• Категорија на ексклузивност во општественото опкружување
• Вклучување во медиумски и рекламни кампањи, со лого
• Користење на логото и негово препознавање на лице место

• Користење на логото, со линк до корпоративната страница на веб-страницата на МОБ

 

Гостопримство

• Бесплатни билети за спонзорирани настани
• Покани за ексклузивни премиери и други специјални настани, вечери со уметници
• можност да биде домаќин на својот корпоративен настан користејќи го просторот во МОБ

 

Даночни олеснувања

Н.У. Македонска опера и балет е јавна институција која врши дејност од јавен интерес во областа на културата. За секоја корпоративна поддршка  следи даночно олеснување на спонзорот и тоа на данокот на добивка, каде износот на даденото спонзорство во тековната година според одредбите на законот за спонзорства и донации,  му се признава како расход во даночниот биланс во висина до 3% од вкупниот приход.

 

Улога на пријател на најреномираната културна институција во Република Македонија не прави горди, достоинствени и оптимисти дека вложувањето во унапредување на трајните вредности е вложување во иднината на сите.

Сметаме дека е од особена важност и приоритет да се негува култура на хуманост, поддршка и поттик како внатре во компанијата така и во пошироки рамки, во општеството во кое живееме и за кое создаваме.

Затоа сме тука, да подадеме рака и да овозможиме неверојатно културно доживување.

Еуролинк Осигурување, пријател на културните вредности! 

logo eurolink