ДЕЛ I: Инструкции за учесниците

  1. ДОГОВОРЕН ОРГАН

Договорен орган е Националната установа Македонска Опера и Балет со седиште на адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 4, телефон 3227 370, 3114 691, 3212 104, факс 3222 652, 3212 104 електронска пошта pravnasluzba@mob.com.mk интернет адреса: www.mob.com.mk.

1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Горан Цветковиќ телефон 078 300 679 факс 02/3211 442 електронска адреса goran.cvetkovik@mob.com.mk.

 

  1. ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ

Предмет на конкурсот е избор на идејно решение за заштитен знак (лого) на Националната установа Македонска опера и балет

 

  1. ТРОШОЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Кандидатите ги сносат сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на идејното решение, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за избор на идејно решение.

 

  1. КОНКУРСНИ УСЛОВИ
    • Конкурсот е анонимен, а право на учество имаат домашни и странски, физички и правни лица. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра.
    • Секој од учесниците има право да учествува со по еден труд.
    • Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 27.09.2016 година до 12.00 часот.

Оценувањето на идејните решенија поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши жири комисија избрана од Договорниот орган. Изборот на идејните решенија ќе биде објавен, најдоцна во рок од 3 (три) дена од денот на завршување на конкурсот.

  • Заштитниот знак (логото) да биде изработено во векторски формат.

Векторските фајлови да бидат снимени на CD и заедно со Конкурсните трудови скици треба да се предадат во А4 формат, во затворена обвивка со натпис: Конкурс број 1/2016, со шифра и препорака „Не отварај“!. Потребно е секој прилог да се нумерира со реден број во долниот десен агол и со истата шифра во горниот десен агол, како и да се приложи список на прилозите со редниот број. Податоците за авторот треба да се наведат во посебен затворен плик приложен во трудот со назнака „Автор“ и назначен со истата шифра. Податоците за адресата на која треба да се врати неприфатениот труд треба да се наведат во друг плик со назнака „Адреса за враќање на трудот“ и назначен со истата шифра.

  • Конкурсните материјали и останатата коресподенција поврзана со конкурсот се пишува на македонски јазик.
  • Трудовите се предаваат во архивата на Националната установа Македонска опера и балет бул. Гоце Делчев бр. 4 Скопје.
  • Доколку конкурсните трудови не се спакувани како што се бара, Договорниот орган не презема никаква одговорност за ненавремено или некомплетно пристигање во архивата, губење на дел од содржината или предвремено отворање на истите.

 

  1. ЈАЗИК НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Конкурсните трудови, како и целата кореспонденција и документи се доставуваат на македонски јазик.

Доколку на конкурсот учествува странско лице конкурсниот труд го доставува на македонски јазик или на англиски јазик со задолжителен превод на македонски јазик.

Доколку дојде до не усогласување помеѓу македонскиот и англискиот текст, ќе преовладува верзијата на македонски јазик.

Целата кореспонденција помеѓу договорниот орган и учесниците ќе се одвива на македонски јазик или на англиски со превод на македонски јазик.

  1. ЖИРИ КОМИСИЈА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

            Жири комисијата ќе одлучи со кој автор/и ќе се склучи договор за откуп на авторско право, согласно конкурсните критериуми.

            Жири комисијата ќе поднесе извештај за својата работа и ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 3 (три)   дена од предавањето на трудовите. Неприфатените трудови се враќаат во рок од 3 (три) дена од денот на одлучувањето.

Авторите на наградените трудови и сите учесници на конкурсот ќе бидат писмено известени за резултатите од Жири комисијата.

Членовите на Жири комисијата немаат право на учество на конкурсот.

 

Конкурсни критериуми

 

  • Уникатност на идејното решение;
  • Високо ниво на иновативност, впечатливост и оригиналност;
  • Идејното решение треба да содржи уметничко – естетските елементи препознатливи за дејноста на установата
  • Изводливост на решението.

 

  1. НАГРАДИ И ОТКУП

Договорниот орган ќе додели награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 12.000,00 денари нето

Оваа награда истовремено ќе претставува и откуп на авторските права и обештетување на авторот во целост, за што истите мора да пополнат и достават соодветни Изјави за согласност.

Изјавите за согласност за откуп/отстапување на авторските права се однесуваат и важат за сите понуди доставени до договорниот орган како идејни решенија.

 

Со исплатата на наградата за идејно решение НУ МОБ се стекнува со  авторското право на идејното решение.

Договорниот орган го задржува правото да не додели награда, односно да не изврши откуп на идејно решение.

 

  1. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
  • Со предавањето на конкурсниот труд (идејно решение) секој учесник ги прифаќа условите на конкурсот.
  • Секој учесник поединец или група, може да учествува само со еден труд.
  • Распишувачот на конкурсот со доделување на наградата ги откупува авторските права,
  • Жири комисијата нема да ги разгледува оние конкурсни трудови кои што ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според програмата.
  • Членовите на жири комисијата немаат право на учество во овој конкурс.
  • Нарачателот го задржува правото да изврши измени и корекции на наградените трудови.

 

 

Скопје, септември 2016 година                                               Претседател на Жири  комисија