Врз основа на член 77-а став 1 алинеа 2 и член 3 од Законот за култура кулура („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/98 … и 154/15) и член 2 од Правилникот за спроведување на спроведување на постапката за унапредување на давателите на јавни услуги во Македонската опера и балет бр. 02-3807/3 од 19.09.2016 година, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2016

За пополнување на работно место со унапредување

1.Истакнат оперски солист шифра КУЛ 03 04 А03 001  1 (еден) извршител.

На интерниот оглас може да се јави давател на услуга, вработен во НУ Македонска опера и балет, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за култура и во актот за систематизација.

Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за културата и актот за систематизација се:

– Стручни квалификации – ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен – соло пеење или завршено средно музичко училиште;

– Работно искуство, најмалку три години работно искуство во струката.

За пополнување на работно место за давателите на јавни услуги во културата, кандидатот треба да ги исполни следниве општи услови:

  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Заинтересиранте кандидати поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на НУ Македонска опера и балет до секторот за административни, правни и кадровски работи, адреса бул. Гоце Делчев бр. 4  или на службената електронска адреса pravnasluzba@mob.com.mk со назнака “за интерен оглас“.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на директорот на МОБ.

Селекцијата за унапредување се спроведува најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите. По завршената проверка, Комисијата закажува реаудиција, која не може да се одржи пред истекот на најмалку пет календарски денови од денот на извршената селекција. Датумот, времето, местото и програмата за реаудиција се објавува на веб-страната на МОБ и на огласната табла на Операта.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

ПРИЈАВА