Врз основа на член 77-в од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013, 44/2014, 61/15 и 154/2015), Националната установа Македонска опера и балет од Скопје, објавува

 

ЈАВЕН   ОГЛАС

за вработување

бр. 2/2016

1. НУ Македонска опера и балет има потреба од вработување на едно лице за извршување работи и задачи на работното место: оперски солист носител на средни улоги.

шифра КУЛ 03 04 А04 001

2. Кандидатот за работното место треба да ги исполнува општите услови:

  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

3. Кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови:

  • степен и вид на образование: 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно балетско односно средно музичко училиште
  • работно искуство: 2 години

4. Дневното и неделното работно време за огласеното работно место ќе се организира зависно од           програмата за работа на работодавачот, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.

5. Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 23.305,00 денари

6. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат од писарницата (архивата) на МОБ или на веб страница mob.com.mk

Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на Македонската Опера и Балет или по пошта на адреса:

Национална установа Македонска опера и балет, Бул. Гоце Делчев бр. 4 Скопје или

е-пошта: pravnasluzba@mob.com.mk

7. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе аудиција на која се проверуваат уметничките способности на кандидатот. За денот, часот и местото на одржување на аудицијата, кандидатите ќе бидат известени на телефонот кој ќе го наведат во пријавата за вработување.

8. Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

    • кратка биографија
    • доказ за завршено образование,
    • доказ за работно искуство
    • фотокопија од документ за идентификација
    • доказ дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

9. Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.

10. Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување.

 

НУ Македонска опера и балет

ПРИЈАВА