logo-mob-mk-belo

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи ( Сл.Весник на РМ бр. 62/05, бр.106/08, бр.161/08, бр.114/09, бр.130/09, бр.149/09, бр.50/10, бр.124/10, бр.47/11, бр. 11/12, бр. 39/12, бр.13/13, бр.25/13, бр.170/13, бр.187/13, бр.113/14, бр.20/15, бр.33/15, бр.72/15, бр.129/15, бр.27/16 и бр.120/18), член 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14,199/14, 27/16 и 35/18), одредбите од Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), и Известувањето од Министерството за финансии бр. 18-11710/2 од 05.10.2018 година, Националната установа Македонска опера и балет објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2018

за вработување на 2 (две) помошно-технички лица на неопределено време за следното работно место со шифра:
1. Гардеробер – шифра КУЛ 04 05 Б01 001 – (2) два извршитела
Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • Средна стручна подготовка, текстилно-кожарска струка, гимназиско
  • со и без работно искуство

Дневното и неделното работно време за огласеното работно место е во траење од осум часа дневно (од 8.30 до 16.30 односно согласно програмски потреби за проби и претстави), односно 40 часа неделно.

Основната нето плата за огласеното работно место изнесува: 13.599,00 денари

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

 

Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на Националната установа Македонска опера и балет Скопје или да се симне од интернет страната www.mob.com.mk. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:

-Уверение за државјанство;

-Уверение за општа здравствена способност за работното место;

-Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;

-Доказ – Диплома/Уверение  за завршено образование;

Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават до архивата на Националната установа Македонска опера и балет Скопје или по пошта на следната адреса: Бул.”Гоце Делчев“ бр.4 – Скопје (со назнака за ,,јавен оглас брoj – 1/2018,,).

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар.

Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од интернет страната на НУ Македонска опера и балет Скопје.

Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Напомена: Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2018 година вработувањата се предвидени за: 1 (еден) Македонец/ка и 1 (еден) Албанец/ка.

НУ Македонска опера и балет

Симнете ја пријавата за дадениот оглас овде!