ПРИЈАВА ЗА КОНКУРС 1/2019

Врз основа на член 77-а став (1) алинеа 2 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013, 44/2014, 61/2015, 154/2015, 39/2016 и 11/2018), и член 6 став (2) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18), согласно Годишниот план за вработување за 2018 година на НУ Македонска опера и балет и известувањето за обезбедени финансиски средства бр. 18-17023/2 од 04.12.2018 и 18-853/2 од 31.01.2019 година, издадена од Министерството за финансии, Националната установа Македонска опера и балет – Скопје, објавува:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 1/2019

за пополнување на работни места со унапредување

на даватели на јавни услуги од категорија А-уметници

 

Националната установа Македонска опера и балет објавува интерен оглас за пополнување на следниве работни места:

 

  1. Истакнат балетски играч, шифра КУЛ 03 04 А03 002, 4 (четири) лица

(3 група – 2 лица, 1 група -2 лица)

  • Стручни квалификации: 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен – музички уметности, балетска педагогија или средно балетско образование
  • работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката.
  1. Балетски солист носител на средни улоги, шифра КУЛ 03 04 А04 002, 2 (две) лица
  • Стручни квалификации: 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен – музички уметности, балетска педагогија или средно балетско образование
  • работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката.
  1. Балетски играч носител на епизодни улоги, шифра КУЛ 03 04 А05 002, 1 (едно) лице
  • Стручни квалификации: 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен – музички уметности, балетска педагогија или средно балетско образование
  • работно искуство: до една година работно искуство во струката.

На интерниот оглас може да се јави вработен во НУ Македонска опера и балет, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за култура и во актот за систематизација.

Кандидатот треба да ги исполни следниве општи услови:

  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот.

 

Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

  • кратка биографија
  • доказ за завршено образование,
  • доказ за работно искуство
  • доказ за општа здравствена способност за работното место
  • доказ дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Заинтересиранте кандидати поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на НУ Македонска опера и балет до секторот за административни, правни и кадровски работи, адреса бул. Гоце Делчев бр. 4  или на службената електронска адреса pravnasluzba@mob.com.mk со назнака “за интерен оглас бр. 1/2019“.

Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на огласот. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе аудиција на која се проверуваат уметничките способности на кандидатот. За денот, часот и местото на одржување на аудицијата, кандидатите ќе бидат известени преку огласна табла и на телефонот кој ќе го наведат во пријавата.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

НУ Македонска опера и балет

ПРИЈАВА ЗА КОНКУРС 1/2019