ПРИЈАВА ЗА КОНКУРС 

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), член 6 став (2) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18), и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2015 и 35/2018), согласно Годишниот план за вработување за 2018 година на Националната установа Македонска опера и балет и известувањето за обезбедени финансиски средства бр. 18-11709/2 од 24.10.2018 година и 18-1374/2 од 05.02.2019 година, издадена од Министерството за финансии, Националната установа Македонска опера и балет – Скопје, објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2019

За пополнување на работни места со унапредување на административни службеници

 

Националната установа Македонска опера и балет објавува интерен оглас за пополнување на следниве работни места:

  1. КУЛ0102Б04001 – Раководител на одделение за административни, општи и правни работи             1 (еден) извршител

Вид на образование: Правни науки

Други посебни услови: Правосуден испит

Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 28.303,00 денари

 

  1. Сите кандидати треба да ги исполнуваат следниве општи услови:
  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
  1. Кандидатите за раководни административни службеници од категоријата Б потребно е да ги исполнуваат следните:
  2. Посебни услови:
  • Стручни квалификации за сите нивоа – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • работно искуство и тоа:
  • за ниво Б4 најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

  1. Потребни општи работни комепетенции на напредно ниво:

–    учење и развој;
–    комуникација;
–    остварување резултати;
–    работење со други/тимска работа;
стратешка свест;
–    ориентираност кон странките/засегнати страни;
–    раководење; и
–    финансиско управување.

 

  1. Посебни работни компетенции:
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
  • потврда за положен испит за административно управување

Распоред на работно време:

  • Работни денови: понеделник-петок
  • Работни часови: дневно 8 часа
  • Работни часови: неделно 40 часа
  • Работно време: од 8.30 часот до 16.30 часот

Заинтересиранте административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Националната установа Македонска опера и балет до секторот за административни, правни и кадровски работи, адреса бул. Гоце Делчев бр. 4  како и на службената електронска адреса pravnasluzba@mob.com.mk со назнака “за интерен оглас број 01/2019“.

Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на веб страната на Националната установа Македонска опера и балет и веб страната на Агенцијата за администрација.

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

  • Потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • Потврди за успешно реализирано менторство.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Национална установа Македонска опера и балет

Директор

м-р Васо Ристов

 

ПРИЈАВА ЗА КОНКУРС