Преслушување за надворешни соработници за Оркестарот на Македонска Опера и Балет

Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати за учество во преслушување за надворешни соработници за Оркестарот на МОБ. Continue reading →

„Тајно моја“ – мјузикл, најчесто поставувани прашања

toshe-audicija-logo
Дали има ограничување во однос на возраста?
  • Може да се пријави секој од 10 години, па нагоре. За малолетните лица ќе има формулари за согласнот од родители кои ќе бидат поделени на самата аудиција.

Што е мјузикл?

  • Мјузикл или музички театар е жанр во филмската и театарската уметност настанат во почетокот на XX век. Мјузиклот настанал како потреба за забава на театарската публика. Тематиката на мјузиклот може да биде приказна од секојдневниот живот или прерадено литературно дело. Драмското дејство се искажува со говор, глума, пеење и игра.

Што треба да се подготви за аудицијата?

  • Треба да се подготват две забавни песни, од кои едната македонска а другата странска, меѓутоа ниедна песна да не е од Тоше Проески. Пријавените кандидати ќе бидат известени преку ел. пошта во кој термин да дојдат, а аудиците се од 21 до 25 ноември. Првите аудиции се само вокални аудиции и ќе се пее без музика.
Кога е финалето на такмичењето и премиерата на мјузиклот?
  • Финалето ќе биде на крајот на месецот јануари, а премиерата крајот на март или почетокот на април.
Дали за да се пријавам треба да имам некакви квалификации?
  • За пријавување на кандидатите потребен е само талент, не се потребни квалификации или да се биде оперски пејач.
Каде се одржуваат аудициите и такмичењето?
  • Сите аудиции и понатамошното такмичење се одржува во Македонската опера и балет.
Како ќе се одвиват аудициите и такмичењето?
  • За сите одбрани кандидати ќе има разчлични задачи кои ке бидат зададени од стручното жири. Задачите ќе вклучуваат пеење, глума и танцување и како што поминува кругот, задачите стануваат се потешки. Победниците или финалистите ќе добијат улога во мјузиклот „Тајно моја“

Биљана Јосифов – сопран

biljana-josifov1Биљана Јосифов е родена во 1989 година во Крушево. Средното образование го завршува во Битола, и продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје каде дипломира и магистрира на отсекот по соло пеење во класата на Проф. Славица Галиќ – Петровска.

Природната вокална даровитост и музикалност на Биљана е поткрепена со високо професионално и сценско претставување, со допринос на сопствената креација и одличен контакт со публиката. Овие карактеристики кои ги поседува, ја поттикнуваат да го надградува и усовршува својот неограничен талент, така што посетува семинари и соработува со познати истакнати и афирмирани уметници и професори како што се: Каролин Мерц (Германија), Руди Парк (Италија), Џемма Бертањоли (Италија), Цуцковски Ѓорѓи (Македонија), Михајло Арсенски (Германија), а од неодамна е под менторство на најистакнатата оперска дива Ана Дурловски.

Од нејзината целокупна посветеност и предаденост кон музиката резултираат бројните јавни настапи, концерти и натпревари со високи достигнувања и награди, како и постојаната ангажираност на сцената на МОБ низ оперските претстави во улогите на втора дама во Моцартовата “Волшебна Флејта”, Јованче во детската опера од Е.Хумпердинк “Јованче и Марика”, улога на Антонија во операта”Хофманови приказни” од Ж.Офенбах, Фиордилиџи во Моцартовата опера “Така прават сите”, Жувено во операта “Адриана Лекуврер” – Ф.Чилеа, улога на Виолета во “Травијата” и улога на Чепрано во “Риголето” од Џ.Верди.

Од 2009 година до денес работи во Хорот на Македонската Опера и Балет.

АУДИЦИЈА За операта „ПАЛЈАЧИ“

Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати заучество во аудиција за операта ,,Палјачи,,. Аудицијата ќе се одржи на 18 ноември  во 11.00 часот. Сите кандидати мора да бидат достапни за аудиција во закажаниот термин. Continue reading →

АУДИЦИЈА За операта „Џани Скики“

Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати заучество во аудиција за операта „Џани Скики“. Аудицијата ќе се одржи на 18 ноември  во 11.00 часот. Сите кандидати мора да бидат достапни за аудиција во закажаниот термин. Continue reading →

АУДИЦИЈА За операта „Кавалерија Рустикана“

Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати заучество во аудиција за операта ,,Паљачи,,. Аудицијата ќе се одржи на 18 ноември  во 11.00 часот. Сите кандидати мора да бидат достапни за аудиција во закажаниот термин. Continue reading →

Oглас за вработување на корепетитор во Балет Оглас бр. 3/2016

 

Врз основа на член 77-в од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/1998; 49/2003; 82/2005; 24/2007; 116/2010; 47/2011; 51/2011; 136/2012; 23/2013; 187/2013, 44/2014, 61/15 и 154/2015), Националната установа Македонска опера и балет од Скопје, објавува Continue reading →