ИНТЕРЕН ОГЛАС број 01/2016-пополнување на работно место со унапредување

Врз основа на член 77-а став 1 алинеа 2 и член 3 од Законот за култура кулура („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/98 … и 154/15) и член 2 од Правилникот за спроведување на спроведување на постапката за унапредување на давателите на јавни услуги во Македонската опера и балет бр. 02-3807/3 од 19.09.2016 година, објавува Continue reading →

Бисера Чадловска – диригент

bisera-chadlovkaРодена е 1978 година во Скопје. Дипломира во 2001 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по оркестарско диригирање во класата на професорот Фимчо Муратовски. Пост-дипломските студии по симфониско и оперско диригирање, ги завршува на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригент, ја добива својата прва премиера “Таен брак” од Доменико Чимароза, со која се отвори Скопското лето во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера, добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што и се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број на претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперски и балетски диригент и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ. На сцената на МНТ како диригент го поставува првиот лиценциран мјузикл во Македонија “Чикаго”. Добитник е на наградата “Георги Божиков” за 2015 година за континуирана изведба на дела од македонски композитори.

 

РЕПЕРТОАР

  • Опери:
    Џ.Верди – Травијата
    Џ.Верди – Набуко
    Џ.Верди – Риголето
    Џ.Верди – Макбет
    Џ.Верди – Моќта на судбината
    Џ.Верди – Дамата со камелии
    Џ.Пучини – Тоска
    Џ.Пучини – Мадам Батерфлај
    Џ.Пучини – Турандот
    Џ.Пучини – Боеми
    Џ.Пучини – Плаштот
    Ж.Бизе – Кармен
    Џ.Росини – Севилскиот бербер
    Џ.Росини – Италијанка во Алжир
    Џ.Росини – Пепелашка
    В.А.Моцарт – Волшебната флејта
    В.А.Моцарт – Дон Џовани
    В.А.Моцарт – Бастиен и Бастиена
    Г.Доницети – Дон Пасквале
    Г.Доницети – Рита
    Р.Леонкавало – Паљачи
    П.Маскањи – Кавалерија Рустикана
    К.Орф – Кармина бурана
    Б.Бритн – Свртување на штрафот
    Р.Штраус – Лилјакот
    Ф.Лехар – Веселата вдовица
    Калман – Кралицата на чардашот
    Д.Чимароза – Таен брак
    А.Землински – Џуџето
    Меноти – Старата мома и крадецот
    Ј.Хајдн – Апотекарот
    К.В.Глук – Орфеј и Евридика
    Хумпердинк – Јованче и Марика
    С.Стојков – Змејовата невеста
  • Балети:
    П. И. Чајковски – Лебедово езеро
    А. Адам – Жизел
    Ч. Пуњи – Есмералда
    Л. Минкус – Дон Кихот
    Н. Р. Корсаков – Шехерезада
    А. Глузунов – Рајмонда
    Л. Делиб – Корсар
    М. Де Фаља – Огнени градни
    Ј. Кандер – мјузиклот Чикаго

Преслушување за надворешни соработници за oркестарот на МОБ

Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати за учество во преслушување за надворешни соработници за Оркестарот на МОБ. Continue reading →

СООПШТЕНИЕ за аудицијата за операта „Плате“

Почитувани,

Македонската опера и балет ви соопштува дека аудицијата за операта „Плате“ од композиторот Жан-Филип Рамо, која што беше закажана за 06.09.2016 година, од оправдани причини се одложува. Новиот датум за аудицијата дополнително ќе биде соопштен.

Со почит,

Македонска опера и балет

АУДИЦИЈА за операта „Дон Џовани“

Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати за учество во аудиција за операта „Дон Џовани“ од В.А.Моцарт. Аудицијата ќе се одржи на 2 јуни 2016 во 12 часот. Сите кандидати мора да бидат достапни за аудиција во закажаниот термин. Continue reading →

АУДИЦИЈА за операта „Севилскиот бербер“

Македонската опера и балет објавува отворен повик за пријавување на кандидати за учество во аудиција за операта „Севилскиот бербер“. Аудицијата ќе се одржи на 20 април 2016 во 14 часот. Сите кандидати мора да бидат достапни за аудиција во закажаниот термин.

Continue reading →