Огласи за јавни набавки 2017 година

logo-mob-mk-belo

 

Огласи за јавни набавки 2016 година

Оглас бр. 1/2016 за набавка на потрошен материјал за музички инструменти

Oглас бр. 2/2016 за набавка на моторни бензини и дизел горива

Oглас бр. 3/2016 за набавка на услуги – транспорт на професионална опрема

Оглас бр. 4/2016 набавка на услуги – резервација и издавање на авиобилети

Оглас бр. 5/2016 услуги за привремени вработувања

Оглас бр. 6/2016 фотокопирањеи укоричување на нотен и друг материјал

Оглас бр. 7/2016 за набавка на работи со предмет: Реновирање на Салонот во Македонската опера и балет

Оглас бр. 8/2016 – набавка на услуги од авторска агенција

Оглас бр. 9/2016 – набавка на услуги – Печатење билети

Оглас бр. 10/2016 – за набавка на стоки – Дрвена граѓа за сценографија

Оглас бр. 11/2016 – за набавка на услуги – техничка поддршка за сценски настани

Оглас бр. 12/2016 – за набавка на услуги – сервисирање на возила

Оглас бр.13/2016 – за набавка на услуги со предмет надзор над изведување градежно занаетчиски и електротехнички работи при реновирање на салонот во МОБ

Оглас бр.14/2016 – за набавка на стоки – сликарски и молерофарбарски материјали

Оглас бр.15/2016 – Потрошен материјал за музички инструменти

Оглас бр.16/2016 – Набавка на услуги – автобуски превоз

Оглас бр.17/2016 – Набавка на услуги – припрема и печатење на рекламен материјал

Оглас бр.18/2016 – Набавка на канцелариски материјал

Оглас бр.19/2016 – Набавка на средства за хигиена

Оглас бр.20/2016 – Набавка на услуги резервација и издавање на авиобилети

Оглас бр.21/2016 – Набавка на услуги – испитување на сценски простор оглас

Оглас бр.22/2016 – Набавка на услуги дезинсекција, дезинфекција и дератизација во објектот на МОБ 

Оглас бр.23/2016 – Набавка на услуги сервисирање на противпожарна опрема

Оглас бр.24/2016 – Набавка на текстилни материјали за изработка на костимографија

Оглас бр.25/2016 – Набавка на стоки, материјали за шминкерско-маскерска работилница

Оглас бр.26/2016 – Набавка на текстилни материјали

Оглас бр.27/2016 – Набавка на тонер 

„Тајно моја“ – мјузикл, најчесто поставувани прашања

toshe-audicija-logo
Дали има ограничување во однос на возраста?
  • Може да се пријави секој од 10 години, па нагоре. За малолетните лица ќе има формулари за согласнот од родители кои ќе бидат поделени на самата аудиција.

Што е мјузикл?

  • Мјузикл или музички театар е жанр во филмската и театарската уметност настанат во почетокот на XX век. Мјузиклот настанал како потреба за забава на театарската публика. Тематиката на мјузиклот може да биде приказна од секојдневниот живот или прерадено литературно дело. Драмското дејство се искажува со говор, глума, пеење и игра.

Што треба да се подготви за аудицијата?

  • Треба да се подготват две забавни песни, од кои едната македонска а другата странска, меѓутоа ниедна песна да не е од Тоше Проески. Пријавените кандидати ќе бидат известени преку ел. пошта во кој термин да дојдат, а аудиците се од 21 до 25 ноември. Првите аудиции се само вокални аудиции и ќе се пее без музика.
Кога е финалето на такмичењето и премиерата на мјузиклот?
  • Финалето ќе биде на крајот на месецот јануари, а премиерата крајот на март или почетокот на април.
Дали за да се пријавам треба да имам некакви квалификации?
  • За пријавување на кандидатите потребен е само талент, не се потребни квалификации или да се биде оперски пејач.
Каде се одржуваат аудициите и такмичењето?
  • Сите аудиции и понатамошното такмичење се одржува во Македонската опера и балет.
Како ќе се одвиват аудициите и такмичењето?
  • За сите одбрани кандидати ќе има разчлични задачи кои ке бидат зададени од стручното жири. Задачите ќе вклучуваат пеење, глума и танцување и како што поминува кругот, задачите стануваат се потешки. Победниците или финалистите ќе добијат улога во мјузиклот „Тајно моја“

Биљана Јосифов – сопран

biljana-josifov1Биљана Јосифов е родена во 1989 година во Крушево. Средното образование го завршува во Битола, и продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје каде дипломира и магистрира на отсекот по соло пеење во класата на Проф. Славица Галиќ – Петровска.

Природната вокална даровитост и музикалност на Биљана е поткрепена со високо професионално и сценско претставување, со допринос на сопствената креација и одличен контакт со публиката. Овие карактеристики кои ги поседува, ја поттикнуваат да го надградува и усовршува својот неограничен талент, така што посетува семинари и соработува со познати истакнати и афирмирани уметници и професори како што се: Каролин Мерц (Германија), Руди Парк (Италија), Џемма Бертањоли (Италија), Цуцковски Ѓорѓи (Македонија), Михајло Арсенски (Германија), а од неодамна е под менторство на најистакнатата оперска дива Ана Дурловски.

Од нејзината целокупна посветеност и предаденост кон музиката резултираат бројните јавни настапи, концерти и натпревари со високи достигнувања и награди, како и постојаната ангажираност на сцената на МОБ низ оперските претстави во улогите на втора дама во Моцартовата “Волшебна Флејта”, Јованче во детската опера од Е.Хумпердинк “Јованче и Марика”, улога на Антонија во операта”Хофманови приказни” од Ж.Офенбах, Фиордилиџи во Моцартовата опера “Така прават сите”, Жувено во операта “Адриана Лекуврер” – Ф.Чилеа, улога на Виолета во “Травијата” и улога на Чепрано во “Риголето” од Џ.Верди.

Од 2009 година до денес работи во Хорот на Македонската Опера и Балет.

Бисера Чадловска – диригент

bisera-chadlovkaРодена е 1978 година во Скопје. Дипломира во 2001 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по оркестарско диригирање во класата на професорот Фимчо Муратовски. Пост-дипломските студии по симфониско и оперско диригирање, ги завршува на Државната музичка академија во Софија. По завршувањето на студиите почнува да работи како хор-мајстор во Македонската опера и балет. Набрзо почнува да напредува и да асистира во подготовките на сите нови премиери на сцената на МОБ. По неколку години работа како хор-мајстор и асистент диригент, ја добива својата прва премиера “Таен брак” од Доменико Чимароза, со која се отвори Скопското лето во 2005 година. Како резултат на работата на оваа опера, добива стипендија од фондацијата CEE Eastern Musiktheater, со што и се овозможува посета на семинари и настап со оперскиот оркестар од Темишвар, Романија. Потоа се редат голем број на претстави од репертоарот на МОБ. Се докажува како оперски и балетски диригент и денес го диригира скоро целокупниот репертоар на сцената на МОБ. На сцената на МНТ како диригент го поставува првиот лиценциран мјузикл во Македонија “Чикаго”. Добитник е на наградата “Георги Божиков” за 2015 година за континуирана изведба на дела од македонски композитори.

 

РЕПЕРТОАР

  • Опери:
    Џ.Верди – Травијата
    Џ.Верди – Набуко
    Џ.Верди – Риголето
    Џ.Верди – Макбет
    Џ.Верди – Моќта на судбината
    Џ.Верди – Дамата со камелии
    Џ.Пучини – Тоска
    Џ.Пучини – Мадам Батерфлај
    Џ.Пучини – Турандот
    Џ.Пучини – Боеми
    Џ.Пучини – Плаштот
    Ж.Бизе – Кармен
    Џ.Росини – Севилскиот бербер
    Џ.Росини – Италијанка во Алжир
    Џ.Росини – Пепелашка
    В.А.Моцарт – Волшебната флејта
    В.А.Моцарт – Дон Џовани
    В.А.Моцарт – Бастиен и Бастиена
    Г.Доницети – Дон Пасквале
    Г.Доницети – Рита
    Р.Леонкавало – Паљачи
    П.Маскањи – Кавалерија Рустикана
    К.Орф – Кармина бурана
    Б.Бритн – Свртување на штрафот
    Р.Штраус – Лилјакот
    Ф.Лехар – Веселата вдовица
    Калман – Кралицата на чардашот
    Д.Чимароза – Таен брак
    А.Землински – Џуџето
    Меноти – Старата мома и крадецот
    Ј.Хајдн – Апотекарот
    К.В.Глук – Орфеј и Евридика
    Хумпердинк – Јованче и Марика
    С.Стојков – Змејовата невеста
  • Балети:
    П. И. Чајковски – Лебедово езеро
    А. Адам – Жизел
    Ч. Пуњи – Есмералда
    Л. Минкус – Дон Кихот
    Н. Р. Корсаков – Шехерезада
    А. Глузунов – Рајмонда
    Л. Делиб – Корсар
    М. Де Фаља – Огнени градни
    Ј. Кандер – мјузиклот Чикаго
12