Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
АИДА – Џузепе Верди (31.05.2017) мај 31, 2017 @ 8:00 pm - 11:55 pm 400MKD
aida-majski

„ АИДА“

Една од највеличествените опери на сите времиња, „Аида“ била премиерно изведена во Операта на Каиро во 1871 година. Студија на историјата, географијата и религијата на Египет, операта и денес зазема драгоцено место во уметничкиот репертоар и е изведувана секоја година во целиот свет. Аида“ ја спојува грандиозноста и интимноста, комбинација што Верди сметал дека остава силен впечаток врз публиката, а за публиката пак бил интригантен начинот на кој Верди решил на неа да ѝ пристапи. Композиторот и диригент Вања Николовски – Ѓумар дипломира композиција и оркестарско диригирање на ФМУ во Скопје. Оркестарско и оперско диригирање специјализира на Конзерваториумот „Николај Римски Корсаков“ во Санкт Петербург. Во моментов ги завршува докторските студии по диригирање на Универзитетот во Аризона. Пред заминувањето во САД, Николовски Ѓумар делува како главен диригент во МОБ, а како гостин-диригент настапува со Македонската филхармонија, хорот на Македонската радио телевизија, академскиот хор „Мирче Ацев“ и други ансамбли, во Русија, Србија, Хрватска, Португалија, Романија и САД. Неговиот обемен оперски и концертен репертоар вбројува дела од Бах, Моцарт, Бетовен, Хајдн, Верди, Пучини, Вагнер, Чајковски, Шуман, Дворжак, Шуберт, Малер. Операта на Истанбул е формирана во 1959 година, на иницијатива на турскиот оперски пејач и режисер Ајдин Гун, а во 1970 година добива статус на национална установа и се преименува во Државна опера и балет на Истанбул. Богатиот репертоар на институцијата кој што го сочинуваат илјадници досега поставени дела, кои од година во година привлекуваат сè повеќебројна публика.

Вања Николовски-Ѓумар – диригент, Дејан Прошев – режисер, Зоран Костовски -сценографија, Елена Дончева – костимографија; Снежана Филиповска – кореографија, Петро Димитровски – светло дизајн

Дениз Јетим – Аида, Ајше Озкан – Амнерис, Ефе Кислали – Радамес, Тунџај Куртоглу – Рамфис, Џенгиз Сајин – Амонасро, Драгољуб Бајиќ (Србија) – Фараон, Надежда Рубен – главна свештеничка, Марјан Николовски – гласник

Оркестар, хор и балетскиот ансамбл на Македонска опера и балет
Турска државна опера (Истанбул, Турција)

 

 

Ceradi MOV i TRAVIJATA copy

Детали за настанот

Дата:
мај 31, 2017
Час:
8:00 pm - 11:55 pm
Цена на билетот
400MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/aida-uzepe-verdi-31-05-2017.html?___store=mk&___from_store=en

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451