Loading Настани

« Сите Настани

„АНА КАРЕНИНА“ – П.И. ЧАЈКОВСКИ (22.2.2019) февруари 22 @ 8:00 pm - 11:00 pm 300МКД
WEB SITE_2628x1170_150_01


Кореограф: Лео Мујиќ (Хрватска)
Костимограф: Александар Ношпал
Пренел сценографија: Михајло Стојановски, Сашо Стојановски
Светло мајстор: Милчо Александров
Сликар: Зоран Костовски
Дизајн: Емил Петров
Инспициент: Дубравка Шопова, Тијана Тарчуговска
Корепетитор: Марјан василевски, Стефан Пехчевски
Репетитори: Горан Божинов, Лора Тарчуговска
Асистент костимограф: Емануела Трајческа

Настапуваат:
Ана Каренина: Марија Кичевска Шокаровска
Вронски: Бобан Ковачевски
Каренин: Васил Чичиjашвили (Грузија)
Кити: Христина Наќевска

 

Синопсис според истоимениот роман на Л.Н.Толстој

Голем предизвик е да се направи уметничко дело, кое за драматуршка предлошка има двајца Великани на Руската и светска уметност и култура, Лав Николаевич Толстој и Петар Илич Чајковски.

Едно од најпознатите светски литературни дела „Ана Каренина“ од крајот на 19 и во целиот 20 век, претставувало инспирација за многу театарски и филмски креации. Еве го сега пред нас, како инспирација за кореографот Лео Мујиќ и балетскиот амсамбл на Македонската опера и балет. Чајковски во својот прекрасен опус често бил инспириран од делата на руската и светска класика, но никогаш не искористил дело од Толстој. Сепак, за романтична приказна како што е „Ана Каренина“, како најсоодветна се покажа токму неговата музика. (Во нашето кореографско видување, искористение се делови од: Концертот во D-dur за виолина и оркестар, Симфонијата во b-moll, Сентименталниот валцер, Петтата симфонија вo e-moll, Шетстата симфонија во b-moll и Елегијата во g-moll).

ПРЕЉУБА-ЉУБОМОРА-ОДМАЗДА=ТРАГЕДИЈА!

Или, како што вели Толстој: Таму каде што завршува љубовта, почнува омразата!

Ако се обидеме во една реченица да ја кажеме суштината на приказната, тоа би била таа погоре напишана реченица, која е и „клише“ во многу други дела. Но, грандиозното дело на Толстој, напишано на неколку стотини страници, не би можеле да го сведеме само на клише.

Ана Каренина заради љубовта кон младиот Вронски, ги  отфрла и богатството и фамилијата, ќе ги игнорира и предрасудите  на општествените норми во Царска Русија. За Вронски пак, таа претставува само авантура. На крајот, сосема отфрлена од општеството, дури и без можност да го гледа сопствениот син, решава да се самоубие.  Длабоката внатрешна психолошка драма на Каренина, растргнатоста помеѓу љубовта и старста од една страна, строгите општествени норми, фамилијата, сопругот, синот, неуспешниот обид за развод, од друга, ја водат во бездната на сопствената егзистенција, што ќе доведе до трагедија.

Да се биде жив мртовец или мртов грешник! Ова прашање си го поставува и самиот Толстој, а тоа е и дилемата која ја растргнува нашата главна јунакиња. Што е животот без љубов?

Во танцовата уметност нема можност да се прераскаже целата приказна, затоа во нашата Ана Каренина, ќе ставиме акцент на ликовите, нивните карактери, внатрешните психолошки преживувања, емоциите и нивните меѓусебни односи. Нашата желба е да креираме дело кое преку танцот, пластично ќе не допре сите нас, не само како статични проследувачи на претставата, туку како живи суштества во ова наше совремие. Преку танцот и движењата, сакаме да Ви ги пренесеме чувствата, состојбите на душите и меѓусебните односи на нашите јунаци. Соединувајќи го академскиот балет со модерниот танцов израз, гестови и мимика,  со нашиот кореографски ракопис, ќе се обидеме да Ве „допреме“ сите Вас. Впрочем тоа е и суштината на драмата, да покаже, не да раскаже!

М-р Крсто Скубев-културолог

 

 

Детали за настанот

Дата:
февруари 22
Час:
8:00 pm - 11:00 pm
Цена на билетот
300МКД
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/ana-karenina-22-02-2019.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451