Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
БАЛЕТСКА ВЕЧЕР НА БУРНОНВИЛ – ПРЕМИЕРА април 5, 2017 @ 8:00 pm - 10:00 pm 400MKD
02

ПРЕМИЕРА

БАЛЕТСКА ВЕЧЕР НА БУРНОНВИЛ

(Три балетски дела инспирирани од Франција, Италија и Шпанија)

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Аугуст Бурнонвил (Данска)
Музика: Х. С. Паули, Х. К. Лумбие, В. К. Холм, Е. Хелстед
Поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен (Данска)
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Асистент на продуцентите: Саша Евтимова
Концерт мајстор: Климент Тодороски

КОНЗЕРВАТОРИУМ
Мастер: Дојчин Дочев (Бугарија)
2 девојки: Ивана Коцевска, Дилјана Јанева (Бугарија)
Соло виолина: Климент Тодороски
4-ца мажи: Ендру Кук (Англија), Светлин Стојанов (Бугарија), Андреј Литвиненко (Украина), Јан Кисилев, Игор Веланоски
Ансамбл: Дафина Данилоска – Кочевска, Марина Анастасовска, Романа Јуханесовичова (Словачка), Александра Ѓореска, Христина Наќевска, Медина Јусуфовиќ, Габриела Павловска, Бојана Христовска, Мила Ниновска, Илијана Данилов, Ангела Богатинова, Ангела Велевска
(Симона Митовска, Меланија Гоцевска)
8 девојчиња од МБУЦ „Илија Николовски – Луј“: Нина Блажевски, Ангела Аврамовски, Јована Николовска, Михаела Душански, Стефи Здравковска, Блерина Реџепи, Лора Бедњанец, Ева Десоска

ФЕСТИВАЛ НА ЦВЕЌИЊАТА
Мими Поп Алексова Атанасовска, Кенто Терашита (Јапонија)
ПРОЗОРЕЦОТ:
Сињорита: Марија Кичевска Шокаровска
Сињор: Бобан Ковачевски
Па де труа: Билјана Басмаџиева, Романа Јуханесовичова (Словачка), Игор Веланоски
Огледало девојка: Марија Јосифовска
Ансамбл:
Мажи: Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Ендру Кук (Англија), Никола Орсо, Светлин Стојанов (Бугарија), (Борјан Тетиев, Марко Арсов, Кенто Терашита)
Жени: Андријана Петковски, Симона Митовска, Бранкица Јовевска, Бистра Делиниколова, Дијана Стојановска, Маја Костовска, Бојана Христовска, Никита Димчевска (Мила Ниновска,  Христина Наќевска, Ивана Димкоска, Ангела Велевска, Ангела Богатинова, Медина Јусуфовиќ, Меланија Гоцевска)

 

 

Порака до публиката

На огромно задоволство на македонската публика ѝ ја претставуваме

 „Балетската вечер на Бурнонвил“.

 

Ова не е прв пат балетите на Аугуст Бурнонвил да бидат одиграни во Скопје, но за прв пат претставуваме целовечерна продукција. Среќни сме за поканата од уметничката директорка, Олга Панго да дојдеме во Македонија и да работиме со македонскиот балет и танчерите.

Аугуст Бурнонвил е Данец кој живеел помеѓу 1805 и 1877 година и создал повеќе од 50 балетски дела. Тој бил визионер, кој најголем дел од своето образование го стекнал во Франција. Бурнонвил се смета за „татко“ на Кралскиот дански балет чиј што уметнички директор бил повеќе од 40 години. Како резултат на своето школување во Франција, тој создал сопствен балетски речник, стил и техника. Меѓу неговите најпознати балети се „Наполи“ од 1842 година и „Силфида“ од 1836 година.

Се одлучивме оваа вечер во Македонија да преставиме неколку од помалите балети на Бурнонвил инспирирани од неговата страст за патувања и посета на други земји: „Конзерваториумот“ од 1849 година, што претставува омаж на неговата младост и едукативен престој во Франција, „Pas de Deux“ од „Фестивал на цвеќето во Џензано“ од 1858 година, инспириран од неговите патувања во Италија и „Прозорецот“ кој ја отсликува неговата страст за Шпанија.

Се надеваме дека за ансамблот на Македонскиот балет беше особен предизвик да работи на различен стил и техника од она што го познаваат. Станува збор за чисто класичен балет кој не е едноставен, но веруваме дека целиот процес беше од непроценливо значење за балетските уметници. Исто така, се надеваме дека успеавме да им дадеме нешто што ќе го искористат понатаму во нивните кариери, и во било кое балетско дело што ќе го изведуваат.

Конечно, наша огромна желба е вие, нашата драга публика да уживате во изведбата и да се запознаете со една друга страна на балетот, каде „Joie de vivre“, односно „Радоста на животот“ е најважното нешто.

Навалете се удобно во своите седишта и уживајте во светот на Аугуст Бурнонвил.

 

Ева Клоборг и Франк Андерсен

 

 

 

 

Детали за настанот

Дата:
април 5, 2017
Час:
8:00 pm - 10:00 pm
Цена на билетот
400MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/baletska-vecher-na-burnonvil-premiera-05-04-2017.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451