Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
ВЕСНА ЃИНОВСКА ИЛКОВА – рецитал (18.05.2017) мај 18, 2017 @ 8:00 pm - 9:30 pm 200MKD
vesna ginovska

Рецитал
ВЕСНА ЃИНОВСКА ИЛКОВА – сопран
КРИСТИНА СВЕТИЕВА – пијано

Сопранот Весна Ѓиновска Илкова е водечки оперски драмски сопран во Македонија. За неа се вели дека има софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и силно сценско присуство. Нејзиното деби на сцената на Македонската опера и балет во 1996 година во улогата на Михаела во „Кармен“ доби одлични оцени, а критичарите ја истакнаа нејзината извонредна легато техника. Илкова своето деби на меѓународната сцена го реализира во 2001 година во Националната опера на Софија во комплексната улога на Елизабета во „Дон Карло“ од Верди. По успешниот настап на бугарската сцена, Илкова ја толкува улогата на Тоска во истоимената опера на Пучини. Весна Ѓиновска Илкова ужива богата домашна и меѓународна кариера, а досега настапувала во Данска, Хрватска, Словенија, Бугарија во постановките на „Аида“, „Отело“, „Турандот“, „Мадам Батерфлај“, „Симон Боканегра“, „Атила“, „Моќта на судбината“, „Бал под маски“, „Лидија од Македонија“… Македонската критика ја нарекува „мајстор на патосот и драмата“ и ја поцртува сензибилноста и емоционалноста која Илкова им ја дава на улогите што ги толкува. Освен на оперската, Илкова е редовно присутна и на концертната сцена, и е добитничка на голем број значајни награди и признанија. Кристина Светиева се вбројува меѓу најталентираните млади македонски пијанисти. Победничка на бројни домашни и меѓународни натпревари, таа настапува на концертните и фестивалските подиуми во Турција, Бугарија, Холандија, Кипар, Хрватска, Шведска, Италија, Франција, Чешка, САД… Повеќепати настапила како солист со Македонската филхармонија, а на последниот концерт со нашиот симфониски оркестар премиерно го изведе делото „Концертни етиди“ од композиторот Борис Светиев. Првиот концертен настап Кристина го реализира на шестгодишна возраст, дипломира cum laude (класа на Тодор Светиев) и магистрира cum laude на ФМУ во Скопје, под менторство на Жени Захариева, а во 2014 година се стекнува и со титулата Доктор по музичка уметност, под менторство на Жени Захариева.

 

 

Ceradi MOV i TRAVIJATA copy

Детали за настанот

Дата:
мај 18, 2017
Час:
8:00 pm - 9:30 pm
Цена на билетот
200MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/vesna-inovska-ilkova-recital-18-05-2017.html?___store=mk&___from_store=en

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451