Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
Вечер со Аки Нуредини – промоција на книга и концерт мај 10, 2018 @ 8:00 pm - 9:00 pm
Web Event OFF 11

Вечер со Аки Нуредини – промоција на книга
10.5.2018 / 20.00 / Македонска опера и балет

Во рамките на 46. Издание на Мајските оперски вечери Ве покануваме да присуствувате на промоција на книгата „До ре ми фа Соле“ на Аки Хуредини. Промоцијата ќе се оддржи вечерва, 10.05 (четврток) со почеток во 20:00 часот во фоајето на Македонската опера и балет. Како дел од оваа значајна промоција ќе биде концертот на Ирена Крстевска – сопран, Дарко Нешовски – тенор, во пијано придружба на Андреј Наунов  како и настап на  гудачки квартет со прикладна програма.

На само неколку чекори од Виенската опера, паралелно со „Штефанплац“, се наоѓа една мала, тивка, романтична улица, налик на улиците во Јужна Италија. Денес таа е многу позната, а се вика „Анагасе“. Стара е повеќе од четиристотини години, а последниве триесетина таа е дом на светски познатиот италијански ресторан „Соле“. Ова култно место е вистински пример за остварување на еден сон, успешна приказна на еден нашинец во Виена.

Неуморната желба за работа и огромната љубов кон луѓето и уметноста, се главната мотивација која го води г-дин Аки Нуредини до она што е денес. За нашиот сонародник зборуваат самите дела. Тој е вистински амбасадор, голем хуманитарец, вистински пријател и почесен граѓанин на мултикултурна Виена и Австрија.

Во оваа пригода замислена како „Вечер со Аки Нуредини“, само на 52 км оддалеченост од неговото родно село Камењане, ќе се обидеме да ви ја приближиме животната приказна на еден од најстрасните љубители на операта, гостопримливиот сопственик на уникатното „Соле“, оперската сторија полна анегдоти поврзани со местото кое е инспирација и извориште на многу нови идеи, претстави и пријателства. Овој интересен животопис на господинот Нуредини и е веќе достапен на меѓународната јавност преку неговата книгата, „До ре ми фа Соле“. Ова интересно четиво е своевидно мени создавано триесет години, според уникатен рецепт на грижливо бележени и документирани сведоштва за влијанието и значењето на неговото гастрономско „катче“ во кое се вкрстуваат политиката, културата и уметноста. Со овој настан – мал свечен чин на истакнување на меѓусебната почит на Македонската опера и балет и господинот Нуредини, нашата земја уште еднаш ги потврдува добрите културни врски со Република Австрија.

Освен господинот Аки Нуредини, во оваа пригода, ќе присуствува и презентерот на книгата „До ре ми фа Соле“, познатиот италијански балетски кореограф и режисер Ренато Занела. Господинот Занела во својата богата кариера меѓу другото бил и уметнички директор на Виенската државна опера, како и уметнички директор на Грчкиот национален балет во Атина.

Детали за настанот

Дата:
мај 10, 2018
Час:
8:00 pm - 9:00 pm

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451