Loading Настани

« Сите Настани

Дамата со камелии – Џузепе Верди ноември 17 @ 8:00 pm - 10:00 pm 300MKD
damata-kamelii

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика на премиерата  на 31 октомври 2014 година. Музиката е од прославениот Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Кореограф: Василиј Медведев (Русија)
Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Павол Јураш (Словачка)
Асс. кореограф: Станислав Фечо (Чешка)

Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и Оркестарот на Македонската опера и балет.

 

04

I ЧИН
1 Слика
Бал. Дами и господа, меѓу кои се и анимир дами со своите клиенти, играат, разговараат. Паровите се одалечуваат и се враќаат. Армандо е наивен млад човек. Маргарита го привлекува неговото внимание и веднаш, на прв поглед, тој се заљубува во неа.Се обидува да дојде до девојката. Маргарита го прифаќа неговото додворување. Армандо е возбуден. Дознава дека Маргарита е болна. Тој и помага. Си признава дека ја сака. Заминуваат од балот заедно.
2 Слика
Армандо и Маргарита се во Париз. Улицата е преполна со минувачи. На заљубениот пар им приоѓаат цвеќарки. Една по една им нудат разно цвеќе: рози, лилјани, јоргован. Армандо купува камелии. Маргарита е пресреќна. Го носи букетот со камелии знаејќи дека Армандо ја сака. Му возвраќа со своите емоции. Цветови од камелиите става во својата коса, на фустанот, во реверот на Армандо. Среќни се… Камелиите стануваат симбол на нивната љубов.
3 Слика
Собата на Маргарита. Маргарита го испраќа Армандо откако заедно ја поминале ноќта. Сама е и среќна сонувајќи за својата љубов. Слугинката и најавува посетител. На гости и доаѓа еден од поранешните клиенти, нејзин мецена. И нуди пари за љубов. Маргарита го одбива. Таа повеќе не сака да ја продава својата љубов. Неочекувано се враќа Армандо! Го набркува соперникот. Маргарита признава дека го сака само него. Армандо ја моли и бара од неа да се откаже од својот поранешен живот и заедно да отпатуваат од Париз. На село во природа ќе оздрави и ќе биде среќна. Млади и заљубени, полни со надеж безгранично сакаат да започнат нов живот.

05

07II ЧИН
4 Слика
Армандо и Маргарита се на село. Слугинката им најавува луѓе кои дошле по својот долг. Армандо бргу излегува да ги пречека.
5 Слика
Се појавува татко му на Армандо. Се обидува да ја наговори Маргарита да го остави Армандо. И нуди нараквица со брилијанти. Избезумена, Маргарита го одбива и ја фрла нараквицата на под. И се слошува. Таткото ја сфаќа ситуацијата – таа навистина го сака неговиот син и е многу болна. Маргарита разочарана му ветува на Армандовиот татко дека ќе го напушти својот љубовник. Му пишува проштално писмо, става цвет од камелија во писмото и без оглед на болеста се враќа во Париз и на својот претходен живот. Добивајќи го Маргаритиното писмо, Армандо е очаен.
6 Слика
Во Париз се е вообичаено. Повторно бал…Маргарита е опкружена со своите обожаватели и клиенти. Љубовта оставила длабока трага на неа – таа е поинаква, тажна и ништо не ја интересира. Доаѓа Армандо. Сака да ја заборави Маргарита и не очекува дека ќе се сретне со неа. Забележувајќи ја и приоѓа и ја обвинува дека била со него заради пари. За да ја понижи и дава пари. Маргарита понижена и очајна заминува од балот.
7 Слика
Собата на Маргарита. Таа се вратила од балот скршена од болка и понижена. Тешко е болна. Тагува во самотија претчувствувајќи ја својата смрт. Слугинката и ја подготвува постелата. На Маргарита и е сè полошо. Во претсмртната агонија го гледа Армандо – како да се враќа во среќните денови на нивната љубов. За жал привидението исчезнува. Маргарита е исцрпена, несреќна и сама. Го прегрнува букетот со камелии кои и будат спомени. Силата ја напушта и таа умира.

 

Детали за настанот

Дата:
ноември 17
Час:
8:00 pm - 10:00 pm
Цена на билетот
300MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/damata-so-kamelii-17-11-2017.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451