Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
Данка Фирфова – изложба на фотографии мај 31 @ 7:00 pm - 11:55 pm
Web Event OFF 4

31.5.2018 / 19.00 / Македонска опера и балет
Данка Фирфова – јубилеј,100 години од раѓањето
изложба на фотографии

Оперската претстава „Аида“ е посветена на Данка Фирфова, сопран.
Еден од основоположниците на професионалната опера во Р. Македонија

 

Данка Фирфова е доајен и една од најмаркантните личности во музичката историја на Македонија. Таа спаѓа во редот на првите драмски сопрани кај нас. Фирфова е уметница, која критиката ја карактеризира со: глас кој наликува на инструмент што пее, уметница со: прекрасни гласовни квалитети, висок степен на пејачка култура и музикална интерпретација и прекрасно пијанисимо во највисокиот регистар.

Животниот и уметнички пат на Данка Фирфова (1918 ― 2003), се одвивал во услови на многубројни промени во македонското и глобалното политичко, економско, културно и музичко милје. Развивањето на субјективниот импулс на Данка Фирфова и допирот со музиката преку песните што ги пеела нејзината мајка, прераснуваат во чекорење низ историјата: завршената Музичка школа во Белград во 1939 година, во временскиот период кога се создаде првата генерација на школувани македонски музичари, основоположници на севкупната музичка култура во Македонија и местото на првата школувана македонска оперска пејачка.

По низа наставнички служби во Земун, Велес и Скопје, во 1947 година, Фирфова мошне рано ќе се нареди меѓу основоположниците на македонската оперска уметност и втемелувачите на Македонската опера. Таа е носител на главната улога во првата опера испеана на македонски јазик, улогата на Сантуца во операта „Кавалерија Рустикана“ од П. Маскањи. Споменувајќи го тој историски  настан,  Фирфова говореше: …Тоа беа возбудливи денови не само за нашата национална култура, туку и за секој поединец кој директно учествуваше во создавањето на нашата музичка историја. Се чини најубаво е што остануваат чувствата на достоинство дека сме учествувале во создавањето на вредности и како цел колектив и како поединци… Од 1947 година, па натаму, Данка Фирфова се реализирала како истакнат солист, носител на низа оперски улоги од областа на драмскиот сопрански фах: Тоска (1948), Марженка во „Продадената невеста“ (1949), Микаела во „Кармен“ (1951), Дама на кралицата во „Волшебната флејта“, Леонора во „Трубадур“, Ева во „Никола Шубиќ Зрински“ (1952), Шарлота во „Вертер“ (1953), Ѓула во „Еро од оној свет“, Аида  (1954), Амелија во „Бал под маски“ (1955), Мадлен во „Андре Шение“ (1957), Турандот (1958), Дездемона во „Отело“, Леонора во „Фиделио“ (1961), Елизабета Валуа во „Дон Карлос“ (1963), Џулиета во „Хофманови приказни“ (1965), Норма, Лејди Билоуз во „Алберт Херинг“ (1970). Данка Фирфова гради успешна интернационална кариера. Во периодот од 1956/59 година настапува на сцената на Српскиот народен театар во Нови Сад; добитник е на гран при на Интернационалниот оперски натпревар во Белгија во 1957 година, а реализирала и повеќе солистички концерти и гостувања во Хрватска, Бугарија, Полска, Чехословачкa, Грција, Белгија и Италија.

Детали за настанот

Дата:
мај 31
Час:
7:00 pm - 11:55 pm

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451