Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
„Жизел“ – Адолф Адам (21.03.2018) март 21 @ 8:00 pm - 10:30 pm 300MKD
zizel slajd

Диригент: Иван Еминовиќ
Кореограф: Леонид Лавровски (Русија)
Сценограф: Милета Лесковац
Обнова на сценографија: Зоран Костовски
Костимограф: Александар Ношпал
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Репетитори: проф. м-р Тања Вујисиќ-Тодоровска, Лора Тарчуговска, Билјана Пашариковска, Горан Божинов и Васил Чичијашвили (Грузија)

Во главните улоги:
Жизел: Мими Поп Алексова Атанасовска
Алберт: Бобан Ковачевски
Хиларион: Дојчин Дочев (Бугарија)
Мирта: Ивана Коцевска

Селско па де де: Марија Кичевска Шокаровска и Ендру Кук (Англија)

НАСТАПУВА БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА МОБ

 

ЖИЗЕЛ
Синопсис

Балетот Жизел е романтично-фантастичен балет во два чина. Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.

Првиот чин (реалистичниот), ја прикажува средбата на Жизел-девојка од село и грофот Алберт, кој е дојден на лов. Таа безгранично се вљубува во него, но не знае дека тој е благородник. Шумарот Хиларион, кој исто така ја сака Жизел, дознава за потеклото на грофот и кога неговата свита доаѓа во градот, меѓу кои и неговата свршеница Батилда, тој го разоткрива Алберт пред сите. Жизел не можејќи да ја прифати лагата за лажната љубов умира од болка.

Вториот чин (фантастичниот) ја прикажува играта на самовилите, кои всушност се девојки кои умираат пред својата свадба. Тие преку ноќ излегуваат од своите гробови и танцуваат. Секој што ќе ја види нивната игра мора да умре.
Таа ноќ во шумата доаѓа Хиларион, а потоа и Алберт и ја искажуваат својата љубов на мртвата Жизел. Хиларион е фатен од самовилите и убиен, а Алберт го спасува љубовта на Жизел, која со него игра до раните зори. Кога сонцето изгрева самовилите исчезнуваат.

Детали за настанот

Дата:
март 21
Час:
8:00 pm - 10:30 pm
Цена на билетот
300MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/zhizel-adolf-adam-21-03-2018.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451