Loading Настани

« Сите Настани

ЖИЗЕЛ – Aдолф Адам (28.02.2018) февруари 28 @ 8:00 pm - 10:30 pm 400MKD
zizel slajd

Кореограф: Леонид Лавровски (Русија)
Диригент: Иван Еминовиќ
Сценограф: Милета Лесковац
Обновил: Зоран Костовски
Костимограф: Александар Ношпал
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Репетиторипроф. м-р Тања Вујисиќ-Тодоровска,Лора Тарчуговска, Билјана Пашариковска

ЖизелМарија Кичевска – Шокаровска
АлбертБобан Ковачевски
Хиларион: Игор Веланоски
МиртаИвана Коцевска
Селско па де де: Христина Наќевска и Кенто Терашита (Јапонија)
НАСТАПУВА БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА МОБ

ЖИЗЕЛ
Синопсис

Балетот Жизел е романтично-фантастичен балет во два чина. Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.

Првиот чин (реалистичниот), ја прикажува средбата на Жизел-девојка од село и грофот Алберт, кој е дојден на лов. Таа безгранично се вљубува во него, но не знае дека тој е благородник. Шумарот Хиларион, кој исто така ја сака Жизел, дознава за потеклото на грофот и кога неговата свита доаѓа во градот, меѓу кои и неговата свршеница Батилда, тој го разоткрива Алберт пред сите. Жизел не можејќи да ја прифати лагата за лажната љубов умира од болка.

Вториот чин (фантастичниот) ја прикажува играта на самовилите, кои всушност се девојки кои умираат пред својата свадба. Тие преку ноќ излегуваат од своите гробови и танцуваат. Секој што ќе ја види нивната игра мора да умре.
Таа ноќ во шумата доаѓа Хиларион, а потоа и Алберт и ја искажуваат својата љубов на мртвата Жизел. Хиларион е фатен од самовилите и убиен, а Алберт го спасува љубовта на Жизел, која со него игра до раните зори. Кога сонцето изгрева самовилите исчезнуваат.

Детали за настанот

Дата:
февруари 28
Час:
8:00 pm - 10:30 pm
Цена на билетот
400MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/zhizel-adolf-adam-28-02-2018.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451