Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
Изложба на оперската примадона – Ана Липша Тофовиќ (15-31.5.2019) мај 15 @ 7:00 pm - мај 31 @ 11:00 pm
ana-lipsha

Ана Липша – Тофовиќ (1926 – 2012) е првенка на Македонската опера и еден од нејзините основополжници. Голема уметница, носител на железниот алтовски и мецо-сопрански фах, стрпливо, посветено и со многу љубов, безрезервно се вложува во мисијата на градење и развој на македонската оперска куќа.
Во македонската музичка историја Ана Липша – Тофовиќ ќе остане запишана како првата македонска Кармен во истоимената опера на Жорж Бизе, првата македонска Амнерис во Вердиевата „Аида“, Ацучена во „Трубадур“, Далила во „Самсон и Далила“, Кончаковна во „Кнез Игор“, Адалџиза во „Норма“, Улрика во „Бал под маски“, Еболи во „Дон Карлос“
Проектот се реализира на иницијатива и со финансиска поддршка од Матицата на иселениците од Загреб, Советот на македонското национално малцинство на Град Загреб и Заедницата на Хрвати во Република Македонија кој се однесува на афирмација на истакнатата музичка уметница Ана Липша Тофовиќ од Република Хрватска која со своето дејствување заедно со еминентни театарски уметници од Загреб придонесе до втемелувањето на културната соработка помеѓу двете земји. Проектот има за цел да ги презентира на јавноста животните стории и фрагментите од дејствувањето на Ана Липша Тофовиќ во овие простори преку изложба на нејзините предмети, фотографии, костими, плакати и се што е зачувано.

 

Детали за настанот

Почеток:
мај 15 @ 7:00 pm
Крај:
мај 31 @ 11:00 pm
Настан Category:

Место

Национална опера и балет Скопје
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451