Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
КАВАЛЕРИЈА РУСТИКАНА – ПЈЕТРО МАСКAЊИ (03.11.2017) ноември 3 @ 8:00 pm - 10:00 pm 300MKD
web baner

Претставата е во рамките на есенски музички свечености

70 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ОПЕРА

Прв дел :

 Оперски концерт

Втор дел:

  “Кавалерија рустикана” – Пјетро Маскањи
   

Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Џандоменико Вакари ( Италија)
Асс.режисер: Алесандро Идонеа (Италија), Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Сценограф: Зоран Николовски
Светло мајстор: Васил Лисичов
Костимограф: Елена Дончева
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Хор – мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

НАСТАПУВААТ:
Сантуца: Сандра Митровска
Туриду: Зоран Сотиров
Алфио: Ристе Велков
Лола: Катерина Стојановска
Мајка Лучија: Елена Тасевска

Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева, Павлинa Здравкова

Опера во еден чин (Праизведба во Рим, 17.05.1890)
Прељуба, љубомора, одмазда = Трагедија
 
Содржина:
Вечер пред Велигден во сицилијанско село.
Младата Сантуца се упатува кон куќата на Лучија, мајката на Туриду, човекот кој таа го сака, а во чија љубов се сомнева, сo цел да разговара со него.
Но, наместо разговор, таа ги гледа Туриду и Лола како тајно се среќаваат.
Лола е жена на коларот Алфио. Туриду, пред да замине во војска бил свршен со Лола, но во меѓувреме таа се омажила за имотниот Алфио.
Туриду после враќањето од војска разочаран, бара утеха во прегратките на селанката Сантуца.

Сантуца, сега веќе грешница во очите на селаните, останува сосема сама, отфрлена од сите. Таа неможејќи да ја совлада љубомората и кажува на мајката на Туриду Лучија, каков грев сторил нејзиниот син.
Доаѓа и Алфио, кој после долго патување се враќа во селото и кажува како и тој го видел Туриду покрај неговата куќа.

Ззборовите на Сантуца и она што го слуша од Алфио, ја фрлаат мајката Лучија во сомнеж и страв.
Доаѓа Туриду,  Сантуца сака да зборува со него, но е спречена од Лола која кокетира со Туриду и заедно со него оди во црква.
Сантуца, пред која селаните ги затвораат црковните врати, останува сама. Наидува Алфио и таа му кажува за прељубата на неговата жена. Тој ветува одмазда. Дури тогаш Сантуца сфаќа што сторила, но веќе е доцна.

Со цел да го спаси својот сакан и да си ја врати честа пред селаните, таа оди да ги викне карабинерите да го спречат Алфио во одмаздата и да го спасат Туриду.
После црковната служба, Туриду ги поканува другарите да се напијат во неговата крчма. Доаѓаат и Лола и Алфио. Туриду ги гледа како танцуваат.
По острата расправија, Туриду и Алфио решаваат да излезат на двобој.
Туриду веќе нема излез. Тој и се обраќа на својата мајка со молба да ја чува Сантуца, ако тој не се врати.
Мајката Лучија сеуште не сфаќа што се случува. Сантуца доаѓа доцна со карабинерите.
Се слуша само: ,,Туриду е мртов“

Детали за настанот

Дата:
ноември 3
Час:
8:00 pm - 10:00 pm
Цена на билетот
300MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/kavaleri-a-rustikana-p-etro-maska-i-03-11-2017.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451