Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО – Петар Илич Чајковски (20.05.2017) мај 20 @ 8:00 pm - 10:30 pm 400MKD
lebedovo

Опстојувајќи на сцената повеќе од 130 години, „Лебедово езеро“ е без сомнение најголемото балетско дело на сите времиња. Успехот на балетот во најголема мера се должи на прекрасната музика на Петар Илич Чајковски што претставува едно од најголемите уметнички остварувања во историјата. Чајковски балетот го завршил во 1876 година за Бољшој театарот од Москва. Во кореографија на Јулиус Рајзингер, делото премиерно е изведено на 22 февруари 1877 година. Без намера да направи реформа во балетската музика, Чајковски се оддал на пишување на „Лебедово езеро“ третирајќи го балетот како уметничка форма достојна за имагинативна музичка содржина. Во оваа продукција, солистите и балетскиот ансамбл на МОБ ќе настапат придружени од Симфонискиот оркестар на Пловдив. Основан во 1945 година, корените на овој реномиран бугарски ансамбл лежат во 100-годишната традиција на оркестарска музика во Пловдив како еден од најголемите културни центри во Бугарија и Европа. Оркестарот изведува широк репертоар на симфониска и оперска музика, а со него на сцената продефилирале најзначајните европски и светски солисти и диригенти. Симфонискиот оркестар на Пловдив својот престижен статус го има стекнато со бројните реализирани концерти, турнеи и гостувања во Европа и САД и со многуте реализирани снимки.

Оркестар на Државната опера во Пловдив (Бугарија)

Бисера Чадловска –  диригент, Виктор Јаременко (Украина) – кореографија, Тања Вујисиќ-Тодоровска – Главен репетитор и педагог, Андреј Злобин (Украина) – сценографија, Гана Ипатиева (Украина) – костимографија, Милчо Александров – светло дизајн

Настапуваат: Марија Кичевска-Шокаровска, Јован Веселиновиќ (Србија), Дојчин Дочев (Бугарија)

Солисти и балетскиот ансамбл на Македонска опера и балет
 

Ceradi MOV i TRAVIJATA copy

Детали за настанот

Дата:
мај 20
Час:
8:00 pm - 10:30 pm
Цена на билетот
400MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/lebedovo-ezero-petar-ilich-cha-kovski-20-05-2017.html?___store=mk&___from_store=en

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451