Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
„Либертанго“ – балетска премиера (14.06.2018) јуни 14 @ 8:00 pm - 10:00 pm 400МКД
libertango_web

Музика: Астор Пјацола
Кореографија: Сабрина Боско (Италија)
Режија и либрето: Наташа Поплавска
Сценографија и костимографија: Алексндар Ношпал
Асистент кореографи: Горан Божинов и Олга Панго
Асистент на сценограф: Михајло Стојановски
Асистент на костимограф: Андреј Георгиевски
Репетитор: Билјана Пашариковска

Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова
Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марија Нивес Рего: Мими Поп Алексова Атанасовска
Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски
Карменсита Калдертон: Наташа Јосифовска
Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска
3 гангстери и танго танчари: Ендру Кук, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Симоне Џиролети
Пјацола – дете: Марко Здравковски
Пјацола млад: Симоне Џиролети (Ендру Кук)
Пјацола стар: Драган Кочоски
3 шпански чинас жени: Билјана Басмаџиева, Христина Наќевска, Бојана Христовска
3 аргентински лорас жени: Маја Митровска Богојевска, Мила Ниновска, Илијана Данилов
6 аргентински танго танчарки: Ирена Макеларска, Ангела Велевска, Ангела Богатиновска, Симона Митовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска
Италијански емигрантски фамилии и Танго танчари:
Маја Митровска Богојевска, Дафина Данилоска Кочевска, Марина Анастасовска, Александра Ѓореска, Славица Мишева, Габриела Павловска, Meдина Јусуфовиќ, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Агим Бафтии, Борјан Тетиев, Никола Орсо, Тодор Стојанов, Андреј Литвиненко (Украина)

 

ЛИБЕРТАНГО нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Во почетокот на минатиот век во Аргентина често има прилив на емигранти од Европа, а најмногу од нив биле Италијанци и Шпанци. Аргентина е новата ветена земја, земја што им давала надеж на сиромашните Италијанци, емигранти кои во почетокот на 20 век тргнале да бараат подобар живот.

Оваа приказна ни го покажува патот на италијанското семејство Пјацола. Висенте и Асунта, родителите на познатиот композитор Астор Пјацола, кои ја доживуваат Аргентина како земја на нивната иднина.

Мајката на Астор, Асунта Пјацола е пријателка со познатата италијанска танчарка Каменчита Кармен Калдерон која е една од првите танго-танчарки во Аргентина. Таа е исто така италијанска емигрантка која го развива тангото заедно со другите танчари. Пренесувајќи ги танго-чекорите на Асунта и Висенте Пјацола, тие заедно го развиваат овој танц.

Во дваесеттите години на 20 век во Аргентина се танцуваат различни танци. Се појавуваат женските танци на шпанските емигрантки кои ги изгубиле своите мажи во битки, а ги викале чинас-жени, како и танците на лорас-девојките, кои со часови танцувале во аргентинските барови. Истовремено во Аргентина на улиците се игра и танцот на италијанските емигранти. Овие три народи, кои се наоѓаат заедно во страсната Аргентина како оддишка од тешките животи и макотрпната работа, наместо битки, почнуваат да танцуваат и да пеат заедно.

Така на сцената се појавува и прекрасната аргентинска танго-танчарка, Марија Нивес која со својот партнер Хуан Карлос го развиваат тангото и го презентираат низ светот. Преку нив, Калдерон и Пјацола, тангото во Аргентина ќе ги достигне своите врвни мигови.

Низ тешкиот живот на емигрантите во Аргентина гледаме како Астор со својот мал банденеон, уште како дете почнува да ужива во танго-нотите, во џез-музиката како и во класичната музика. Растејќи по улиците на Буенос Аирес, поддржан од родителите, сè повеќе се вљубува во музиката. Со неговата музика тој ја привлекува и својата прва љубов, Деде Вулф со којашто подоцна се жени. Тој и натаму инспириран од танцот што го играат и мајка му Асунта и нејзината пријателка Калдерон, а воден од страста и љубовта кон Деде создава музика со силни емоции. Тангото долго време му е инспирација на младиот Пјацола. Низ приказната на неговите родители, љубовта кон жената и страста кон танцот и музиката, Астор расте, а со него расте и тангото насекаде низ светот.

Понесен од играта и од страста на младата танчарка Марија, таткото на Астор почнува да танцува пред публика заедно со Марија Нивес во „Кафе бар – Буенос Аирес“. Во овој најпознат кафе бар во Буенос Аирес за прв пат ќе се спојат неколку различни танго-играчи: Висенте, Карлос, Калдерон, Асунта и Мариjа, а со нив ќе почнат да танцуваат и останатите танчари.

Детали за настанот

Дата:
јуни 14
Час:
8:00 pm - 10:00 pm
Цена на билетот
400МКД
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/libertango-baletska-pretstava-14-06-2018.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451