Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
„Либертанго“ (16.06.2018) јуни 16 @ 8:00 pm - 10:00 pm 300MKD
libertango_web

Музика: Астор Пјацола
Кореографија: Сабрина Боско (Италија)
Режија и либрето: Наташа Поплавска
Сценографија и костимографија: Алексндар Ношпал
Асистент кореографи: Горан Божинов и Олга Панго
Асистент на сценограф: Михајло Стојановски
Асистент на костимограф: Андреј Георгиевски
Репетитор: Билјана Пашариковскаn>

Улоги:
Асунта Манети Пијацола: Александра Мијалкова
Висенте „Нонино“ Пијацола: Васил Чичијашвили (Грузија)
Марија Нивес Рего: Мими Поп Алексова Атанасовска
Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски
Карменсита Калдертон: Наташа Јосифовска
Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска
3 гангстери и танго танчари: Ендру Кук, Јан Кисилев, Симоне Џиролети
Пијацола – дете: Марко Здравковски
Пијацола млад: Симоне Џиролети (Ендру Кук)
Пијацола стар: Драган Кочоски
3 шпански чинас жени: Билјана Басмаџиева, Христина Наќевска, Бојана Христовска
3 аргентински лорас жени: Маја Митровска, Мила Ниновска, Илијана Данилов
6 аргентински танго танчарки: Ирена Макеларска, Ангела Велевска, Ангела Богатиновска, Симона Митовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска
Италијански емигрантски фамилии и Танго танчари:
Маја Митровска Богојевска, Дафина Данилоска Кочевска, Марина Анастасовска, Александра Ѓореска, Славица Мишева, Габриела Павловска, Meдина Јусуфовиќ, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Агим Бафтии, Борјан Тетиев, Никола Орсо, Тодор Стојанов

Народ: СИТЕ
“ЛИБЕРТАНГО” не води низ приказна која ни го покажува создавњето и патот на тангото. Уличен танц кој го достигнува пиедесталот на светската танц сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…
Во почетокот на минатиот век во Аргетина често има прилив на емигранти од Европа, а најмногу од нив биле италијанци и шпанци. Аргентина е новата ветена земја, земја која им давала надеж на сиромашните италијани, емигранти кои во почетокот на дваесетиот век тргнале да бараат подобар живот.
Оваа приказна ни го покажува патот на италијанската фамилија Пијацола. Висенте и Асунта, родителите на познатиот композитор Астор Пијацола, кои ја наоѓаат Аргентина за земја на нивната иднина.
Мајката на Астор, Асунта Пијацола е пријателка со познатата италијанска танчерка Каменчита Кармен Калдерон која е една од првите танго танчерки во Аргентина. Таа е исто така италијанска емигрантка која го развива тангото заедно со другите танчери. Пренесувајќи ги танго чекорите на Асунта и Висенте Пијацола тие заедно го развиваат овој танц.
Во дваесетите години на дваесетиот век во Аргентина се танцуваат различни танци. Се појавуваат женските танци на шпанските емигрантки кои ги изгубиле своиуте мажи во битки, а ги викале “чинас” жени, како и танците на девојките “лорас” кои танцувале со часови во Аргентинските барови. Истоврмено во аргентина на улиците се игра и танцот на италијанските емигранти. Овие три народи, кои се наоѓаат заедно во страсната Аргентина како оддишка од тешките животи и макотрпната работа, почнуваат наместо битки да танцуваат и пеат заедно.
Така на сцената се појавува и прекрасната аргентинска танго танчерка, Мариа Нивес која со својот парнер Хуан Kарлос го развиваат танго танцот и го презентираат ширум светот. Преку нив, Калдерон и Пијацола тангото во Аргентина ќе го достигне својот пиедестал.
Низ тешкиот живот на емигрантите во Аргентина гледаме како Астор со својот мал банденеон, уште како дете почнува да ужива во танго нотите, џез музиката како и класичната музика. Растејќи по улиците на Буенос Аирес, поддржан од свите родители се повеќе се вљубува во музиката. Со неговата музика тој ја привлекува и неговата прва љубов, Деде Вулф со која што подоцна се жени. Тој и натаму инспириран од танцот кој го игра и неговата мајка Асунта и најзината пријателка Калдерон, а воден од страста и љубовта кон Деде создава музика со силни емоции. Тангото долго време е инспирација на младиот Пијацола. Низ приказната на неговите родители, љубовта кон жената и страста кон танцот и музиката, Астор расте, а со него расте и тангото ширум светот.
Понесен од играта и страста на младата танчерка Марија, таткото на Астор поаѓа да танцува пред публика заедно со Марија Нивес во “Кафе барот – Буенос Аирес”. Во најпознатиот “Kафе бар – Буенос Aирес” за прв пат ќе се спојат неколку различни танго играчи, Висенте, Карлос, Калдерон, Асунта и Мариjа, а со нив ќе почнат да танцуваат и останатите танчери.
Неговииот дух полн со страст и љубов се распостила по целиот свет, преку неговата музика. ЛИБЕРТАНГОТО на големиот Астор Пијацола кој се раѓа токму во Буенос Аирес, каде што живее и твори музика отвора нов правец во тангото, наречен “Ново танго” (Nuevo tango). Со развивањето и растењето на овој редок и светски познат композитор се преплавуваaт светската музичка и танцова сцена, со неговите звуци, а тангото останува вечно на пиедесталот.
Музиката на Пијацола ги спојува џезот, класиката и музика на три народа: Италија, Шпанија и Аргентина.
Живеејќи помеѓу улицата, клубот, музиката и танцот, класиката, џезот, универзитетот и талентот, помеѓу Буенос Аирес и Париз, Астор Пијацола го создава една од најубавите танго компзиции на 20- тиот век, ЛИБЕРТАНГО.

Детали за настанот

Дата:
јуни 16
Час:
8:00 pm - 10:00 pm
Цена на билетот
300MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/libertango-baletska-pretstava-16-06-2018.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451