Loading Настани

« Сите Настани

МАДАМ БАТЕРФЛАЈ – Џакомо Пучини (28.05.2017) мај 28 @ 8:00 pm - 10:30 pm 400MKD
madam baterfly

„Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене.“ Пучини точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера. Младата гејша Чо-Чо-Сан со години го чека враќањето на својот љубовник, американскиот офицер Пинкертон. Кога конечно се помирува со вистината, нејзината судбина е запечатена и таа донесува одлука што ѝ ја наметнува „кодот на честа“. „Мадам Батерфлај“ означува нова фаза во развојот на Пучини, во која тој ја збогатува својата музичка палета со егзотиката на Далечниот Исток. Фактот што неговата лична и директна емоционалност има универзална димензија е очигледно во огромната популарност што операта ја ужива ширум светот, до ден денес. Останувајќи верна на историјата на театарот, Националната опера и балет на Тирана негува италијански, француски, германски и американски оперски репертоар, одржувајќи високо уметничко ниво и едуцирајќи и култивирајќи нови млади генерации оперски уметници. Националната опера и балет е храм на албанската и интернационалната музика и култура. Низ него поминале бројни генерации уметници што оставиле силен печат на албанската и интернационалната оперска сцена. Репертоарот на Тиранската опера и балет годишно брои околу 150 продукции, од кои голем број премиери, опери, балети, концерти и друг вид музички настани.

Едмонд Доко – диригент, Николин Гуракуќи – режисер,  Ериона Џанари, Фатјон Косова –костимографија, Дритан Љумши – хорски диригент, Линдита Котори, Ардита Буфај –концерт мајстор

Солисти: Ева Големи – Мадам Батерфлај (Чо-Чо Сан), Армалдо Клоѓери – Пинкертон,   Викена Каменица – Сузуки,  Илбер Ѓини – Шарплес,  Дениз Скура – Горо,  Ерлинд Зералиу – Принц Јамадори, Сидрит Бејлери – Бонзо,  Антонио Зефи – Комесар,  Силвана Баља – Кејт Пинкертон,  Генц Возга – Јакусиде

Национален театар на опера и балет на Албанија

 

 

Ceradi MOV i TRAVIJATA copy

Детали за настанот

Дата:
мај 28
Час:
8:00 pm - 10:30 pm
Цена на билетот
400MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/madam-baterfla-akomo-puchini-28-05-17.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451