Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
Одбележување на светскиот ден на танцот (29.04.2018, мала сцена на МОБ) април 29 @ 6:00 pm - 8:00 pm 150MKD
tanc 29 04

29.4.2018 / 18.00 / Мала сцена на МОБ
Одбележување на светскиот ден на танцот

I ДЕЛ
Полонеза – „Лебедово езеро“ П.И.Чајковски
Валс на часовници – „Копелија“ Л.Делиб
Варијација – „Копелија“ Л.Делиб
Варијација – „Пахита“ Л.Минкус
Варијација – „Дон Кихот“ Л.Минкус
Варијација – „Жизел“ А.Адам
Систем манипулација – Дарија Андовска
Non je ne regretterien – Едит Пјаф
Дует – Феслијан Студиос

Учествуваат ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ основен и среден балетски оддел класична и современа насока.

II ДЕЛ

„ЛА, ЛА, ЛА…!“
Балетска претстава

Кореограф: Саша Евтимова
Музика: Македонски евергрини
Идеја за костими : Саша Евтимова
Светло мајстор: Милчо Александров
Инспициент: Марјан Василевски, Стефан Пехчевски
Асистент–репетитор: Дафина Данилоска Кочевска

НАСТАПУВААТ БАЛЕТСКИ СОЛИСТИ И АНСАМБЛОТ
ПРИ МОБ

 

Кореографска мисла:
За оние што сонуваат…
Музиката предизвикува толку многу чувства во нас, спомени, копнежи, мечти, носталггичност… Сентиментален копнеж за среќа. Времињата во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка миксана лента. Само таа музика може да ги врати спомените, да ги склопи како сложувалка и напише една страница во книгата на нашиот живот.Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време.Музиката е таа која не води на незаборавни патувања.
Прегрнете ги спомените. Чувајте ги блиску до срцето. До вчера бевме она што денес сакаме да го заборавиме. Направете свој мал свет и ништо повеќе не ви е потребно. Толку работи има во животот од кои сме се плашеле, а немало никаква потреба за тоа. Се што ни било потребно, и се што ни е потребно е да живееме.
Се е во нас, а не таму каде што живееме. Не постојат граници,ние самите си ги поставуваме. Ако сме отворени,оптимистични и ако веруваме во себе тогаш целиот свет е наш.
За нас почнува живот, со ново име и нова страст.
Сред нешто сиво сме нашле едно цвеке што расте и цвета во нас.
За нас почнува живот од овој час.
И тогаш сфаќате – само едни очи се најдраги, една насмевка најубава,само едни раце умеат да прегрнат најискрено.

Детали за настанот

Дата:
април 29
Час:
6:00 pm - 8:00 pm
Цена на билетот
150MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/svetski-den-tanc-29042018-mala-scena.html

Место

МОБ – Мала Сцена
Бул. Гоце Делчев бр. 4
Скопје, Macedonia
+ Google Map