Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
Светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман доаѓа во Скопје април 1, 2017 @ 8:30 pm - 10:30 pm
clayderman

Светски познатиот пијанист Ричард Клајдерман во придружба на жичан октет ги носи своите романтични мелодии во Скопје.

Ричард Клајдерман – француски уметник со рекордна продажба на албуми, кој го има популаризирано пијаното ширум светот повеќе од било кој, после Бетовен. Запишан е во Гинисовата книга на рекорди како најуспешен пијанист со продадени над 90 милиони албуми во светот.

Познат е како “Принцот на романтиката”, поради неговиот начин на изведба на композициите, во свој романтичен стил.

Светски виртуоз кој ги полни салите и стадионите уште од 1976 година, кога неговиот прв сингл “Ballade Pour Adeline” – “Балада за Аделина”, компониран од францускиот музички продуцент Пол де Сеневил, достигна продажба од 22 милиони копии во 38 земји.

Оттогаш Клајдерман снимил над 1.000 мелодии, со што станал еден од најуспешните инструментални репродуктивци во светот, со продадени над 90 милиони албуми. На врвот од својата кариера реализирал 200 концерти за 250 дена.

Негови најпознати композиции освен “Ballade Pour Adeline” се: “Love Story”, “Piano Concerto”, “Arabesque”, “Warsaw Concerto”, “Fur Elise”, “Clair De Lune” и многу други.

Ричард Клајдерман има издадено многу албуми со разновидна музика, од мелодии на популарни песни до класични исполненија на пијано. Најчесто изведува композиции на Бетовен, Шопен и Моцарт.

На скопската публика ќе ѝ ги претстави своите безвременски композиции кои ја воодушевуваат публиката на сите континенти.

Концертите кои ќе се оддржат на 1ви и 2ри Април 2017 година, во Македонската Опера и Балет ќе започнат во 20.30 часот, а билетите, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажната мрежа на “Купи карти за сѐ”, “Пола Југотон”, “Цвеќара Розе” – Веро 2 и билетарата на МОБ.

 

Детали за настанот

Дата:
април 1, 2017
Час:
8:30 pm - 10:30 pm
Настан Category:

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451