Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР – Џоакино Росини (13.05.2017) мај 13, 2017 @ 8:00 pm - 11:00 pm 400MKD
sevilski_web

Оркестар и хор на Македонска опера и балет

Српски народен театар – Нови Сад (Србија)

За време на својот живот, Џоакино Росини (1792-1868) бил еден од светски најистакнатите оперски композитори. Напишал повеќе од 30 комични и трагични опери, пред необјасниво да престане да пишува опери, на возраст од 37 години. „Севилскиот бербер“ чија што премиера доживува катастрофален неуспех (предизвикан пред сè поради фракциите во локалната политика, а не поради самото дело) станува најпопуларната комична опера на сите времиња во светот. Некои од најпрепознатливите музички парчиња од операта слободно може да се каже дека станаа дел од човековото „несвесно“, особено воведната арија на гордиот Фигаро. Операта изобилува со извонредни и возбудливи вокални и оркестарски делници и комична елеганција со која ретко кое друго оперско дело може да се спореди. Изведбите под диригентското водство на Крис Рaсман редовно добиваат стоечки овации и извонредни рецензии од критичарите кои ја истакнуваат неговата способност „со леснотија да ги комуницира музичките идеи на делото на изведувачите“ (Cape Times), во изведбите „да носи големо ниво на концентрација и да обликува прекрасен звук“ (Opera magazine), и да „ги води музичарите до најголемите уметнички височини“ (Augsburger Allgemeine Zeitung). Тој ги диригирал „Мадам Батерфлај“ и „Така прават сите“ со Операта на Прага, „Тоска“ со Унгарската национална опера во Будимпешта и Краков, „Риголето“ со Националната опера на Киев, „Травијата“ и „Палјачи“ со Националната опера на Латвија во Рига и „Боеми“ со Националната опера на Монголија. Српскиот народен театар од Нови Сад е една од најголемите, а воедно и најстарата професионална театарска куќа во Србија. Основан е во 1861 година за време на конференцијата на Друштвото на Српскиот народен театар составено од членови на Српската читалница (Srpska čitaonica), одржана во Нови Сад и оттогаш работи во континуитет. Во театарот функционираат три сегменти – драма, опера и балет.

Диригент: Крис Русман (Англија)
Режисер: Урсула Хорнер (Австрија)
Асс.режисер: Љупка Јакимовска 
Сценограф: Марија Ветеровска
Костимограф: Марија Пупучевска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Асс.хор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

НАСТАПУВААТ:
Фигаро: Марјан Јованоски
Розина: Јелена Кончар
Гроф Алмавива: Роберто Јачини Вергили (Италија)
Дон Базилио: Горан Крнета
Дон Бартоло:Небојша Бабиќ
Берта: Злата Тошевска
Фиорело: Кристијан Антовски
Амброзио: Саша Смилевски

 

Инспициенти: Мирче Стојчевски, Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева –  Павлина Здравкова – Невена Георгиева

Ceradi MOV i TRAVIJATA copy

Детали за настанот

Дата:
мај 13, 2017
Час:
8:00 pm - 11:00 pm
Цена на билетот
400MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/sevilskiot-berber-oakino-rosini-premiera-13-05-2017.html?___store=mk

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451