Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
Тајно моја – мјузикл во чест на Тоше Проески (21.04.2017) април 21 @ 8:00 pm - 10:45 pm 600MKD
TM 21vi

Мјузиклот „Тајно моја“ е проект во копродукција со фондацијата “Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда по повод 10 години од неговата прерана смрт.

Мјузиклот ја следи љубовната приказна на млад пар. Нивната љубов пламнува за миг, но нивните разлики ќе ја доведат нивната љубов во прашање… Македонски “Ромео и Јулија“, сместени во периодот на транзиција, на почетокот на 21-от век. Време кога љубовта ги милува и освојува сите срца преку нотите и стиховите на Тоше Проески. Но, можат ли љубовта и музиката да го спасат светот? Двата чина на Мјузиклот „ТАЈНО МОЈА“  ќе се обидат да дадат одговор на ова прашање и на уште многу други прашања поврзани со другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата да се успее, стравот, надежта и љубовта.

Мјузиклот е базиран на голем број музички хитови на Тоше Проески, како Тајно моја, Немаш ни благодарам, Игри без граници, Полско цвеќе, Усни на усни, Сонце во твоите руси куси, The Hardest Thing и други.

Диригент: Ѓургица Дашиќ
Режисер: Тони Михајловски
Либрето: Огнен Неделковски
Сценограф: Марија Ветероска
Костимограф: Марија Пупучевска
Аранжери: Кокан Димушевски, Сони Петровски
Светло мајстор: Васко Лисичов
Ас. Режисер: Дејан Прошев, Љупка Јакимовска
Асс.Костимограф: Татијана Колевска Иванов
Асс. Кореограф:Ирена Лозинска
Концерт-мајстор: Јане Бакевски
Асс. Хор-мајстор: Ѓурѓица Стојчевска, Јасмина Ѓорѓеска
Музички Асс: Лена Заткоска
 

СОЛИСТИ:
Ана: Антониа Гиговска
Филип: Денис Димоски
Бети: Сара Гигова
Мајка на Ана: Весна Петрушевска
Татко на Ана: Игор Џамбазов
Мајка на Филип: Арна Шијак
Татко на Филип: Јане Аврамовски
Марија (другарка на Ана): Љупка Арсова
Ема (другарка на Ана): Мила Николовска
Јане (другар на Филип): Марко Димитриевски
Наумче (другар на Филип): Симеон Коруноски
Љупче (бодигард): Лазе Манасковски
Електричарот: Марјан Стојановски
Ангел: Лена Заткоска
Ангелчиња: Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, Калеша Џангаловска

 

Балетски солисти, балетскиот ансамбл, хорот и оркестарот на МОБ

Испициенти:  Мирче Стојчевски, Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Павлина Здравкова, Светлана Георгиева, Невена Георгиева

 

Детали за настанот

Дата:
април 21
Час:
8:00 pm - 10:45 pm
Цена на билетот
600MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/ta-no-mo-a-m-uzikl-vo-chest-na-toshe-proeski-21-04-2017.html?___store=en&___from_store=mk

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451