Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
ТАЈНО МОЈА – Мјузикл во чест на Тоше Проески (17.05.2017) мај 17, 2017 @ 8:00 pm - 10:45 pm 400MKD
tajno-moja1

Македонската опера и балет се вклучува во хуманитарната акција #ситезагоце со донирање на приход од продадени билети и собрани донации. Гоце Марковски боледува од тумор на мозокот и потребна му е нашата помош!

Со цел да му помогнеме на Гоце, приходот од претставата „Тајно моја“ која ќе се одигра на сцената на МОБ на 16 и 17 мај во склоп на фестивалот „Мајски оперски вечери“ ќе биде дониран за негово успешно лекување.

За претставите со хуманитарен карактер билетите чинат 400 денари. Исто така, до 20 мај во Фоајето на МОБ и Скопје Сити Мол ќе бидат поставени и кутии за донации. Да помогнеме! #ситезагоце

Броеви за донација се: 
One Vip 143 487
T-mobile 143 122

********************************************************************************

Со силни емоции, тага и солзи, но и со многу топлина и љубов се сеќаваме и го славиме ликот и делото на Тоше Проески. Во чест на големата музичка ѕвезда што ги сплоти срцата на сите, во копродукција со фондацијата „Тоше Проески“ го поставуваме мјузиклот „Тајно моја“, на десетгодишнината од неговата прерана и трагична смрт. Мјузиклот ја следи приказната на модерните македонски „Ромео и Јулија“. Време кога љубовта ги милува и освојува срцата преку нотите и стиховите на Тоше Проески, време кога се прашуваме дали љубовта и музиката се доволно моќни за да го спасат светот. Другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата за успех, стравот, а најмногу надежта и љубовта се теми кои провејуваат во ова музичко-сценско дело базирано на голем број музички хитови на Проески, „оплеменети“ во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски и Кокан Димушевски. Според либретото на Огнен Неделковски, во режија на Тони Михајловски, во „Тајно моја“ за прв пат на оперската сцена блеснуваат младите ѕвезди од македонското музичко небо.

Ѓургица Дашиќ – диригент, Огнен Неделковски – либрето, Тони Михајловски – режисер,Марија Ветероска – сценографија, Марија Пупучевска – костимографија, Кокан Димушевски и Сони Петровски – аранжери, Олга Панго – кореографија, Васил Лисичов – светло дизајн

Настапуваат: Антониjа Гиговска – Ана, Александар Тарабунов – Филип, Хелена Суша – Бети, Весна Петрушевска – Мајка на Ана, Игор Џамбазов – Татко на Ана, Арна Шијак – Мајка на Филип,Дејан Лилиќ – Татко на Филип, Љупка Арсовска – Марија, Мила Николовска – Ема, Ристе Гавровски – Јане, Симеон Коруноски – Наумче, Лазе Манасковски – Љупче, Симон Манасковски – Електричар, Лена Заткоска – Ангел, Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, Калеша Џангаловска –  Ангелчиња, Саша Евтимова,  Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски – балетски солисти

Оркестар, хор и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет

 

 

Ceradi MOV i TRAVIJATA copy

Детали за настанот

Дата:
мај 17, 2017
Час:
8:00 pm - 10:45 pm
Цена на билетот
400MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/ta-no-mo-a-m-uzikl-vo-chest-na-toshe-proeski-17-05-2017.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451