Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
„ТОСКА“ – Џакомо Пучини (18.1.2019) јануари 18 @ 8:00 pm - 10:45 pm 300MKД
TOSCA-web

Tоска е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14 јануари 1900 г. во Рим, Италија.

Диригент: Иван Кожухаров (Бугарија)
Режисер: Огњан Драганов ( Бугарија)
Асс. Режисер: Трајко Јордановски
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Асс. хор мајстор : Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитор: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја  Наунов

НАСТАПУВААТ:
Тоска: Весна Ѓиновска Илкова
Каварадоси: Калин Братеску (Романија)
Скарпија: Борис Трајанов
Анџелоти: Ернес Ибраимовски
Клисар: Драган Ампов
Сполета: Никола Стојчески
Шароне: Диме Петров
Клучар: Димитар Кожухаров
Овчарче: Александра Лазаревска Василев

Xорот и оркестарот на МОБ

Испициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева, Павлинa Здравкова

Синопсис
Сликарот Каварадоси му помага на избеганиот од затвор Анџелоти да се засолни, но шефот на полицијата Скарпија и неговите агенти ја насетуваат трагата. Со вешти ветувања и закани Скарпија изнудува признание од Тоска, љубовница на сликарот и тој е фатен и осуден на смрт. Тоска бара помилување, меѓутоа Скарпија одбива. Би го помилувал доколку Тоска се согласи да биде негова. За да го спаси Каварадоси, Тоска се согласува но за реванш бара Скарпија да му даде документи безбедно да го напушти Рим. Договорено е стрелањето да биде фиктивно. Скарпија ги подготвува документите и кога ја посакува Тоска , таа го убива со нож. Веднаш му јавува на Каварадоси дека стрелањето ќе биде фиктивно. Сепак Скарпија, пред тоа наредил Каварадоси вистински да биде стрелан. Наредбата е извршена. Тоска сета избезумена сфаќа дека е измамена и пред да биде фатена од агентите на Скарпија, се фрла од затворската тврдина во бездна.

Детали за настанот

Дата:
јануари 18
Час:
8:00 pm - 10:45 pm
Цена на билетот
300MKД
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/toska-akomo-puchini-18-01-19.html?___store=mk&___from_store=en

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451