Loading Настани

« Сите Настани

ТОСКА – Џакомо Пучини февруари 23 @ 8:00 pm - 11:00 pm 300MKD
TOSCA-web

Тоска е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14 јануари 1900 г. во Рим, Италија.

Диригент: Џанлука Мартинеги (Италија)
Режисер: Огњан Драганов ( Бугарија)
Асс. Режисер: Дејан Прошев
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска
Асс. хор мајстор : Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитор: Елена Сиљановска, Јасмина Невчева, Андреја  Наунов
Испициенти: Мирче Стојчевски, Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски

 

НАСТАПУВААТ:
Тоска: Валентина Бои (Италија)
Каварадоси: Валтер Фракаро(Италија)
Скарпија: Елиа Фабиан (Италија)
Анџелоти: Владимир Саздовски
Клисар: Драган Ампов / Васко Здравков
Сполета: Никола Стојчевски / Дамјан Поповски
Шароне: Диме Петров
Клучар: Димитар Кожухаров
Овчарче: Александра Лазаревска Василев / Катерина Стојановска

Настапуваат: хорот и оркестарот на МОБ
Синопсис
Сликарот Каварадоси му помага на избеганиот од затвор Анџелоти да се засолни, но шефот на полицијата Скарпија и неговите агенти ја насетуваат трагата. Со вешти ветувања и закани Скарпија изнудува признание од Тоска, љубовница на сликарот и тој е фатен и осуден на смрт. Тоска бара помилување, меѓутоа Скарпија одбива. Би го помилувал доколку Тоска се согласи да биде негова. За да го спаси Каварадоси, Тоска се согласува но за реванш бара Скарпија да му даде документи безбедно да го напушти Рим. Договорено е стрелањето да биде фиктивно. Скарпија ги подготвува документите и кога ја посакува Тоска , таа го убива со нож. Веднаш му јавува на Каварадоси дека стрелањето ќе биде фиктивно. Сепак Скарпија, пред тоа наредил Каварадоси вистински да биде стрелан. Наредбата е извршена. Тоска сета избезумена сфаќа дека е измамена и пред да биде фатена од агентите на Скарпија, се фрла од затворската тврдина во бездна.

Детали за настанот

Дата:
февруари 23
Час:
8:00 pm - 11:00 pm
Цена на билетот
300MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/toska-akomo-puchini-23-02-2017.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451