Loading Настани

« Сите Настани

ТРАВИЈАТА – Џузепе Верди ноември 23 @ 8:00 pm - 11:00 pm 300MKD
traviata-slide

Еден од темелите на светскиот оперски репертоар, партитурата на „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот. Токму генијалната музика, но и комплексното „безвременско“ либрето и живописните ликови кои зборуваат за универзалноста на човековата природа ја сместуваат „Травијата“ меѓу најпопуларните, и истовремено најинтимни оперски ремек-дела на Џузепе Верди.

Диригент: Бисера Чадловска
Ассдиригент: Катерина Стојковска
Режисер: Верена Штојбер (Германија)
Сценограф и костимограф: Софија Шнајдер (Германија)
Кореограф: Саша Евтимова
Светло дизајн: Васко Лисичов
Концертмајстор:
Асс.режисер: Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Асскостимограф: Бранкица Јордановска, Инес Гоља, Драгица Киранџиска
Ассхор мајстор: Ѓурѓица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов

НАСТАПУВААТ:
Виолета Валери: Ана Дурловски
Алфред Жермон: Дарко Нешовски
Жорж Жермон: Марјан Јованоски
Флора: Марика Поповиќ
Анина: Александра Лазаровска-Василевски
Барон Дуфол: Кристијан Антовски
Маркиз Д’ Обињи: Драган Ампов
Гастон: Дамјан Попоски
Д-р Гренвил: Борко Биџовски
Џузепе: Игор Гиновски
Комесарио: Ернес Ибраимовски

Оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ

Инспициенти: Мирче Стојчевски, Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
Суфлери: Светлана Георгиева, Павлина Здравкова, Невена Георгиева

 

За „Травијата“…

За мене најважното нешто во операта, генерално, е да видите реални карактери и вистински емоции на сцената, не само површна сценска игра и пеење. Она што мене особено ме интересира е да ги слушнам приказните што луѓето имаат да ги раскажат. За мене, Верди е еден од најголемите раскажувачи на сите времиња.

Вистински човек на театарот кој своите на своите ликови им дава време да размислат пред да проговорат, време да реагираат на нештата што се случуваат околу нив. Со „Травијата“, тој уште еднаш ги крши табуата. На сцената не донесува кралеви и кралици или херои, што било пракса на оперските композитори на времето. Напротив, на сцената тој донесува „нормални“ луѓе. Но, и повеќе од тоа: дозволува главниот карактер во операта да биде една жена со низок морал, љубовница. Во „Травијата“ се наоѓаме себеси во т.н. „демимонд“. Ја гледаме Виолета и нејзините пријателки, љубовници на најбогатите мажи во општеството како се забавуваат. Овие мажи кои дома имаат сопруги и деца, можат да си дозволат слободното време да го поминуваат со млади убави жени. За возврат, тие им обезбедуваат станови и им купуваат автомобили, им подаруваат скапи подароци, накит и фустани, што ги прават уште поатрактивни и попривлечни. Овој животен стил на жените „придружнички“ на мажите од високата класа не е нешто што било својствено само за 1850-тите. И денес постои, а сигурно ќе продолжи да постои и во иднина. Она што мене особено ме интересира врзано за овој животен стил е лицемерието што стои позади него. Луѓето зборуваат за вулгарноста во изгледот и однесувањето на некои жени, а од друга страна и тие самите сакаат да гледаат разголени девојки на модните писти, во видео спотовите и рекламите. Вистината е – сексот се продава.

За мене тоа е лицемерието на патријархалното општество во кое проблем не е мажите да имаат жени и девојки на страна, но е проблем кога некој, а во случајот на „Травијата“ тоа е Алфредо, ги прекршува правилата и се вљубува во една од љубовниците, и дури и полошо – решава да живее со неа. Ова не е типичен пример како светот во кој мажите доминираат функционира, и е нешто што не смее да се случи. За да не дојде до тоа, го имаме Жермон, за мене најлицемерниот од сите ликови, човек кој зборува за чест и гордост, иако самиот е решен да ги уништи животите на другите луѓе за да ја спаси сопствената репутација. Тој исто така искажува љубомора кон помладата генерација која нештата ги гледа од поинаква перспектива. Сметам дека денес особено сме соочени со егоистичното и нарцисистичко однесување на одредени луѓе што има катастрофални последици. Потребно е да се бориме против него со многу љубов и страст, како што тоа го прават Виолета и Алфредо. И иако за нив е веќе доцна на крајот, тие можеби и придонесуваат за промени во иднина.

 

Verena StoiberВерена Штојбер – режисер

Детали за настанот

Дата:
ноември 23
Час:
8:00 pm - 11:00 pm
Цена на билетот
300MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/travi-ata-uzepe-verdi-23-11-2017.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451