Loading Настани

« Сите Настани

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА ДИНО ИМЕРИ мај 27 @ 8:00 pm - 9:00 pm 200MKД
dino imeri

Концертот е со хуманитарен карактер, а целта е собирање на парични средства за понатамошно лекување во странство на младиот пијанист-ученик Никола Алексовски. Сите хумани граѓани ќе можат да донираат преку купување на билет со симболична цена, на лице место, но и преку трансакциската сметка на неговата мајка:

Елизабета Алексовска
300007085053957
Комерцијална Банка АД Скопје

 

Програма:

– Л. В. Бетовен – Соната бр.23 оп.57 “Апасионата”
– Ф. Лист – “Ла Кампанела”
– Ф. Лист – Мефисто Валцер бр.1
– Ф. Лист – Унгарска Рапсодија бр.2

Дино ИМЕРИ (1990) е еден од најперспективните македонски пијанисти. Своето образование го стекнува кај професорите Људмила и Борис Романови, како и светски афирмираниот Симон Трпчески.
Гостува на најпознатите европски концертни подиуми, а во неодамнешните успеси ги вбројуваме неговите настапи со Софискиот Филхармониски Оркестар, Стразбуршката Филхармонија, Македонска Филхармонија, но и настапи во Ватрослав Лисински-Загреб, Замок Естерхази-Австрија..
Добитник е на наградата Виртуози за Млад Музички Уметник, а остварува соработка со видни домашни и странски музичари меѓу кои: Емил Табаков, Саша Николовски, Благој Нацоски, Најден Тодоров, Ана & Игор Дурловски, Борјан Цанев, Јосеп Висент, Луиџи Скифано, Либуше Санторисова, Алексеј Шаповалов.
За повеќе информации: www.dinoimeri.com

Детали за настанот

Дата:
мај 27
Час:
8:00 pm - 9:00 pm
Цена на билетот
200MKД
Настан Category:

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451