Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
ЈОВ-Опера-реквием (14.05.2017) мај 14, 2017 @ 8:00 pm - 10:00 pm 400МКД
jov

Опера-реквием
Опера Нова – Киев (Украина)

Опера-реквиемот „Јов“ е музички перформанс за препарирано пијано, виолончело, перкусии и гласови што ги комбинира минимализамот и авангардната експресија, некласицизмот и рок-музиката. Полифоните хорски епизоди и инструменталните интерлудиуми се менуваат со делници што го користат целиот дијапазон на човечкиот глас: од класична, џез и фолклорна интерпретација, до дишење, врисоци, шепотења и аликвотно пеење. Опера-реквиемот „Јов“ претставува синтеза на грчката драма, барокната опера и формите на ораториум и реквием, со техниките на постмодерниот театар. Делото со себе ја носи мистеријата на раѓањето на новиот звук на пијаното и ги изразува бескрајните можности на човечкиот глас. Водени од идејата да создадат нови начини на израз во музичкиот театар, музичарите на Nova Opera креираат нови синтетички жанри и експериментираат со нестандардни, оригинални музичко-сценски перформанси. Музичкиот јазик на нивните креации не познава естетски граници и слободно ги здружува авангардата и рок-музиката, грегоријанското пеење и трип-хопот, необарокот и фолклорните импровизации. Во делата на украинскиот ансамбл, достигнувањата на традиционалниот театар се комбинирани со придобивките на модерната технологија во единствен оригинален музичко-сценски израз.

Роман Григорив – диригент, Влад Троицки – режисер, Роман Григорив, Илија Разумејко – композитори;

Марјана Головко – сопран, Ана Марич – сопран, Олександра Турјанска – мецо-сопран, Андреј Кошман – баритон, Руслан Кирш – баритон, Јевгениј Ракманин – бас, Јана Марчинска – виолончело, Андреј Надолскиј – перкусии, Илија Разумејко – пијано, Александар Михајловски – наратор

 

 

Ceradi MOV i TRAVIJATA copy

Детали за настанот

Дата:
мај 14, 2017
Час:
8:00 pm - 10:00 pm
Цена на билетот
400МКД
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/ov-opera-rekviem-14-05-2017.html

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451