Loading Настани

« Сите Настани

#RetrOpera – Изложба на фотографии и плакати мај 9 @ 7:00 pm - мај 31 @ 11:00 pm
Web Event OFF 9

#RetrOpera – Изложба на фотографии и плакати
9.5. -31.5.2018 / Македонска опера и балет

2018 – Година на културно наследство – ” where past meets the future”
ЕВРОПСКИ ОПЕРСКИ ДЕНОВИ
04 – 13 мај 2018 #EuropeforCulture

И оваа година, Македонија преку активностите на Македонската опера и балет е дел од европската иницијатива Европски оперски денови.
…Културното наследство е дел од сé и ресонира во сето она што го правиме.. .инспирирани од овогодишната тематика, за ова издание на ЕОД, МОБ, поточно Одделението за документација и историска архива, подготви ретроспективна изложба, под наслов „#retrOpera “, која јавноста ќе има можност да ја види во период од 09 – 31 мај во Фоајето на МОБ.
МОБ, несебично и со големо задоволство со вас ќе го сподели сопственото наследство, стекнато и создадено со помош на многу национални и интернационални уметници кои настапиле на интернационалниот фестивал „Мајски оперски вечери“ уште од далечната 1972 година. Наша и Ваша, архивска граѓа од оригинални фотографии, записи, прес клипинзи, постери, скици…итн.
Идејата е сé со цел јавноста да може да ја ВИДИ, ОСОЗНАЕ, ЗАПОЗНАЕ, историјата на нивниот омилен и единствен дом на операта и балетот, еволуцијата на идејата низ годините и улогата која ја игра и има театарот во заедницата.
Ве каниме и оваа година да земете учество и да споделите #EuropeforCulture и #retrOpera.
Изложбата е дел од програмата на интернационалниот фестивал Мајски оперски вечери 2018 #WeCelebratePuccini.

Детали за настанот

Почеток:
мај 9 @ 7:00 pm
Крај:
мај 31 @ 11:00 pm

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451