Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
“SOLE E AMORE” – Благој Нацоски (рецитал) 13.04.2018 април 13 @ 8:00 pm - 10:00 pm 300MKD
blagoj-web-final

Во петок, 13, април, 2018 г. нашиот познат тенор Благој Нацоски кој оваа година навршува 15 години меѓународна кариера, ќе одржи соло рецитал.
По ланскиот успешен настап, кога беше изведен циклусот „Зимско Патување” од Шуберт, годинава повторно ќе присуствуваме на еден несекојдневен настан.
Тоа ќе биде целовечерен Рецитал наречен “SOLE E AMORE” односно СОНЦЕ И ЉУБОВ, каде ќе слушнеме 20 соло песни од Винченцо Белини, Џоакино Росини, Џакомо Пучини, Франческо Паоло Тости, Рејналдо Хан и Бенџамин Бритн.
Во сите соло песни ќе преовладуваат токму љубовта и сонцето, односно со претежно весел карактер, кој буди оптимизам кај слушателот. Циклусот “Венеција” од Рејналдо Хан, ќе биде изведен  за првпат во Македонија.
Пијано придружба: Јанинка Невчева.

 

Биографија

Благој Нацоски убедливо е нашиот најпознат тенор во светот. Изминатите години бележи огромни успеси во Миланска Скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија, како и на светската премиера на операта „Страв“ каде ја толкува главната улога во Новара, Италија.
Кариерата на Нацоски започнува во 2003 со настапот на сцената на Римската Опера (Teatro dell’Opera di Roma), како прв Македонец што воопшто настапил во оваа престижна оперска куќа. Од таму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет, настапувајќи во најпрестижните театри низ целиот свет како «Сан Карло» во Неапол, «Реџо» во Парма, Операта во Каљари, «Верди» во Трст, «Карло Феличе» во Џенова, Операта во Сасари, Цирих Опернхаус, Баварската Државна Опера од Минхен, Операта во Франкфурт, Државната Опера во Штутгарт, Кралската Опера „Ла Моне“ во Брисел, Канадската Опера во Торонто, Операта во Сиетл, Националната Опера во Прага, Операта во Лимож, Гран Театарот во Екс Ан Прованс, Театарот Бунка Каикан во Токио, Сантори Хол во Токио, Рјутопиа Центарот во Ниигата, Национална Опера во Варшава, Градскиот Театар во Клагенфурт, Националната Моравска Опера во Острава, како и Фестивалите во Салцбург, Мишколц и Халвил, пеејќи ги главните тенорски роли во оперите Дон Џовани, Така прават сите жени, Волшебната флејта, Грабнување од Сарајот, Сонот на Скипион од Моцарт, Севилскиот Бербер, Италијанка во Алжир, Турчин во Италија од Росини, Дон Паскуале од Доницети, Сонамбула од Белини, Свртување на штрафот и Сонот на Летната Ноќ од Бритн, Вердиевите Отело и Фалстаф, Ромео и Јулија од Гуно, Славеј од Стравински и Аријадна на Наксос од Р. Штраус.
Нацоски има снимено неколку ДВД, и тоа Сонот на Скипион за Дојче Грамофон и Аријадна на Наксос за ТДК и ЦД на Лучија од Ламермур за Динамик, Ромео и Јулија заедно со Андреа Бочели за ДЕККА, Зенобија во Палмира за Бонџовани и Те Деум од Флавио Колусо за МР Класикс. На 27ми јануари излезе и ДВД и Блу-Реј од претставата Турандот од Миланска Скала повторно за ДЕККА.
Во 2008 е прогласен за „Амбасадор на македонската култура во Италија“, а во 2016 година доби и признание „Човек на годината“ од весникот Нова Македонија.
Благој освен оперската музика ја негува и концертната дејност. Во текот на месец февруари 2018 го изведе циклусот „Зимско патување“ од Франц Шуберт со голем успех а го репризираше во Рим и Александрија, а неодамна ги изведе Љубовните валцери од Шуман и Брамс на Велигденскиот фестивал во Монтепулчано. Неодамна дебитираше во Тбилиси, Грузија а наскоро со Росиниевиот „Севилски бербер“ и два гала концерти ќе дебитира во Русија. Потоа ќе настапи со Моцартовиот Реквием во Милано, операта Ла Ривале во Мишколц, Унгарија, по што ќе селдува една обемна турнеја во Јапонија и Кина со концерти и оперите Турандот и Трубадур.

Пијано придржба

Јанинка Невчева ги завршила студиите по пијано на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, во класата на проф. Борис Романов. Од 2000 до 2005 година престојува во Париз, каде се усовршува во областа на камерната музика и соло репертоарот за пијано. Значајна е нејзината соработка на полето на музика од 20 век со истакнатите пијанисти Martine Joste и Claude Helffer. Во 2006 година во Скопје го основа музичкиот отсек на Детски свет, каде до 2012 година работи со деца од претшколска возраст по францускиот метод éveil musical (сертифицирано од ADEM – Франција). Од 2008 година е вработена во Македонска Опера и Балет како корепетитор во операта. Како пијанист се претставила на разни рецитали, концерти и фестивали во Македонија, Италија, Франција, Бугарија, Турција, Германија.

Детали за настанот

Дата:
април 13
Час:
8:00 pm - 10:00 pm
Цена на билетот
300MKD
Настан Category:
Website:
http://mob.com.mk/bileti/sole-e-amore-blago-nacoski-recital-13-04-2018.html?___store=mk&___from_store=en

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451