СОЛИСТ НОСИТЕЛ НА СРЕДНИ И ЕПИЗОДНИ УЛОГИ (1 група)
александра лазаровРодена на 21.10.1979 во Скопје, каде што го завршува нижото музчко училиште, отсек виолина. Средното музичко образование во МБУЦ „Илија Николовски Луј“ го завршува во класата на проф. Ѕвезда Мирчевска Дамовска, отсек соло пеење, а дипломира во 2003 година на музичката академија во класата на Марија Муратовска Наумовска. Во 2000 година учевствува на семинар по соло пеење во Р. Германија во мастер класата на проф. Артуро Серџи. Својата соло кариера ја започнува со операта „Деспина и Мистер Докс“ на Димитрие Бужаровски со настапи низ Македонија и во камерната опера во Виена, а од 2004 година е солист во Македонската опера и балет каде што остварува повеќе улоги во Таен брак (Елисета), Посета од старата дама (Фрау 2), Лидија од Македонија (Агија), Рита (Рита), Волшебната флејта (Памина), Аида (Големата Свештеничка), Бастиена и Бастиен (Бастиена), Италијанката од Алжир (Елвира), Боеми (Мизета), Џуџето (Собарка), Војвотката на чардашот (Штази), Орфеј и Евридика (Евридика), Травијата (Флора), Јованче и Марика (Гертруда), Кармен (Фраскита), Риголето (Џована), Змејовата невеста (Рада и Митана), Мала волшебна флејта (Памина и Папагена), Аптекарот (Грилета), Црвенкапа, Волшебникот од ОЗ (Дороти)