СОЛИСТ НОСИТЕЛ НА СРЕДНИ И ЕПИЗОДНИ УЛОГИ (1 група)
Ана Ројдева Ана Ројдева – Талевска (сопран). Родена е 1978 година во Скопје. Завршила соло пеење на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Марија Муратовска- Наумовска. Во текот на студирањето настапува на концерти организирани од ФМУ. Зема учество  и на мајсторската школа на Мирела Паруто и Антонио Боаје во рамките на Интерфест- Битола. Нејзин постојан ментор е М-р Славица Петровска- Галиќ, првенец на Македонската Опера.  Во 2001год. Дебитира на сцената на МОБ со улогата на Берта во “Севилскиот Бербер” од  Џоакино Росини, потоа Церлина во “Дон Џовани” од Волфанг Амадеус Моцарт, Фраскита во “Кармен” од Жорж Бизе, Аделе во ”Лилјакот” од Јохан Штраус помладиот, Каролина во ”Таен Брак” од Чимароза, Првата Дама во ”Посета од Старата Дама” од Готфрид фон Аднем, Асиа во ”Лидија од Македонија” од Ристо Аврамовски, Рита во ”Рита” од Гаетано Доницети, Првата дама во ”Волшебната Флејта” од Волфанг Амадеус Моцарт, Првата Собарка од операта ”Џуџето” од Александар фон Злемински, Амор во ”Орфеј” од Кристоф Вилибалд Глук, Џована и Џилда во ”Риголето” од Џузепе Верди, Марика во ”Јованче и Марика” од Енгелберт Хумпердинк, Анина во ”Травијата” од Џузепе Верди, Кралицата на Ноќта во Мала ”Волшебна Флејта” од Волфанг Амадеус Моцарт, Другарките на Црвенкапа во операта ”Црвенкапа” од Цезар Кјус. Зема и учество на бројни настани, на гала оперски концерти на МОБ и рецитали во рамките на ”Скопско Лето”, ”Штипско Културно Лето”, ”Битолско Лето”. Од септември 2004 е стипендист на Централно Источниот Европски музички театар од Виена. Од 2005 е солист во операта при Македонската Опера и Балет. Во 2010 год. се запишува на постипломски студии во класата на професор М-р Славица Петковска Галиќ при ФМУ.  Во 2012 магистрира со концертна изведба на ”Љубовен Напиток” од Гаетано Доницети.