СОЛИСТ НОСИТЕЛ НА СРЕДНИ И ЕПИЗОДНИ УЛОГИ (2 група)
desanka-gligorijevikjДипломира во 2004 година во класата на проф.Билјана Јакимовска-Јовановска на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. Во 2006 година се здобива со титулата Магистар на Музичката Академија “Панчо Владигеров“ во Софија, Р. Бугарија во класата на проф.Мила Ѓулгерова. За време на постдипломските студии дебитира на сцената на Македонската Опера и Балет во улогата на Рита од истоимената опера на Г.Доницети, учествува на Гала концерти организирани од страна на МОБ, настапува во современата опера “Свртувањето на шрафот“ од Б. Британ во улога на Маилс, “Волшебната флејта“ од В.А. Моцарт во улога на првото и второто момче, учество во Мултимедиалниот проект “Дороти. Дисконцерт за Оз“ на Луиџи де Анџелис како една од трите сопрани со кој проект настапува во Скопје,  Германија и Италија, Овчарчето “Тоска”- Џ. Пучини, Паж “Риголето”- Џ. Верди, Вештерката “Јованче и Марика”-Е. Хумпердинк, Фраскита “Кармен”- Ж. Бизе, Јана “Змејовата невеста”- С. Стојков. Меѓу позначајните солистички настапи и се: концертот “250 години В. А. Моцарт“ со  Државниот Симфониски оркетар под диригентство на маестро Алексанадар Јосифов - Софија, концертите во чест на  проф.Мила Ѓулгерова и проф.Мати Пинкас во Софија, Р. Бугарија. Како свои самостојни проекти надвор од матичната куќа има направено преку 400 изведби на 15 различни сценариа и повеќе мулти-медијални проекти реализирани во период од 4 години во кои има соработка со  еминентни и етаблирани уметници.