ivana-zdravkovaИвана Здравкова дипломирала на ФМУ во Скопје во класите на Марија Муратовска и Весна Ѓиновска - Илкова. Магистрирала во Грац, Австрија кај проф. Јоана Боровска Исер. Како студент настапува на повеќе фестивали, како солист со Македонската Филхармонија, мандолинскиот оркестар на Рамадан Шукри, оркестарот „Арко“, а остварила и повеќе рецитали , како и улога во драмската претстава „Сон на летната ноќ“ во продукција на Драмскиот Театар од Скопје. Здравкова ги толкува улогите на Папагена во „Волшебната Флејта“, Моника во „Медиум“, Каролина во „Таен Брак“ и Олимпија во „Хофманови приказни“, во „Дидона и Енеј“ во Грац и Фраскита во „Кармен“ во Клагенфурт. Здравкова е добитничка е на неколку награди и признанија, како и на стипендијата „Best of South East“ од Sparkasse Bank за мастер студии во Грац, како единствен соло пеач од Југоисточна Европа.