СОЛИСТ НОСИТЕЛ НА СРЕДНИ И ЕПИЗОДНИ УЛОГИ (2 група)

Катерина СтојановскаРодена во Скопје 1982 година. Дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје во класата на проф. Марија Муратовска Наумовска. Во 2005 година дебитира во Македонската опера "Лидија од Македонија" од Ристо Аврамовски во улогата на Асија. Од тогаш станува редовен член и солист во Македонската Опера и Балет. Настапува на многубројни коцерти а на нејзиниот репертоар се улогите: Папагена во „Волшебна флејта“, Оскар во „Бал под маски“,Церлина во „Дон Џовани“, Деспина во „Така прават сите“, Валансјен во „Веселата Вдовица“, Штази во „Војвотката на Чардашот“, Џанета во „Љубовен напиток“, Флора и Анина  во „Травијата“, Мајлс во „Свртување на штрафот“, Летиша во „Старата мома и крадецот“, Марика-„Јованче и Марика“, Клоринда-„Пепелашка“, Амор - „Орфеј и Евридика“, Инес-„Трубадур“, Милка-„Змејовата невеста“, Фраскита-„Кармен“, грофица Чепрано и Пажот- „Риголето“, Црвенкапа-„Цезар Кјуи“, Овчарче-„Тоска“, Кармина Бурана.