nikolina-janevska-2012-5c42Николина Јаневска е родена 1989 година во Скопје. Дипломира на отсекот по соло-пеење при Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор Весна Ѓиновска-Илкова. Дебитира во 2012 година на сцената на Македонската опера и балет со улога во операта „Лидија од Македонија”, а потоа ги остварува улогите на Волпино во „Аптекарот”, Дорабела во „Така прават сите”, Кејт Пинкертон во „Мадам Батерфлај”, Мадам Данжвил во „Адријана Лекуврер”, Фенена во „Набуко“ како и бројни главни улоги во детски претстави. Покрај оперските претстави, настапува и во два мјузикли: „Пенелопе Икс“ во улога на Калипсо и „Свирачот на Покривот” во улога на Цајтел. Бележи бројни солистички настапи низ Европа, САД, Канада и Австралија како долгогодишен член  на женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“. Меѓу позначајните награди и признанија кои ги добива се вбројуваат две први награди на Државниот натпревар по соло пеење во Скопје во 2006 и 2012 година, и прва награда на Меѓународниот натпревар „Лазар Јовановиќ“ во Белград   во 2006 година.