СОЛИСТ НОСИТЕЛ НА НАЈСЛОЖЕНИ УЛОГИ
Родена во 1978 година, Олгица Милевска музичкото образование го започнува во родниот град, а во 2002 година дипломира на отсескот за соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Дебитира на сцената на Македонската опера во 2004 година во улогата на Агија во операта „Лидија од Македонија“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски. Вокалната техника ја усовршува во студиото на педагог Оливера Миљаковиќ во Виена, а во 2008 и 2009 година е стипендист на фондацијата „Музички Театар за Источна Европа“. Нејзините улоги на сцената на МОБ ги вклучуваат Мис Грос во Бритновата опера „Свртување на шрафот“, Зулма во „Италијанка во Алжир“, Дона Елвира во „Дон Џовани“, Микаела  во „Кармен“, Адина во „Љубовен напиток“, Одабела во „Атила“, Џулиета во „Хофманови приказни“, Свештеничка во „Аида“, Маргарита во „Фауст“и насловната улога на Адриана во „Адриана Лекуврер“. Олгица Милевска настапува  концертно како солист и на меѓународната сцена во Германија, Италија, Франција, Шведска, Швајцарија и Полска.