СОЛИСТ НОСИТЕЛ НА НАЈСЛОЖЕНИ УЛОГИ

Родена во Битола каде завршува основно и средно музичко образование. Во 1997 година дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор Милка Ефтимова. Магистрира во класата на професор Стојан Стојанов - Ганчев. Продолжува да се усовршува кај познатата оперска дива Гена Димитрова во Софија, Бугарија. Во 1999 година се вработува во Македонската Опера и Балет. Своите пејачки вештини ги презентира во повеќе држави како: Бугарија, Србија, Хрватска, Германија и Англија. Од нејзиниот богат репертоар, меѓу позначајните улоги се вбројуваат : Турандот во „Турандот“, Абигаиле во „Набуко“, Аида во „Аида“, Леонора во „Травијата“, Мими во „Боеми“, Неда во „Палјачи“, Михаела во „Кармен“ , Норма во „Норма“ , Магбет во „Магбет“, како и сопранскиот дел во 8та Малерова симфонија, со која настапува во Белград како дел од меѓународна екипа. Значајно признание кое го добива, е Прва Специјална Државна награда во Македонија.