СОЛИСТ НОСИТЕЛ НА ГЛАВНИ УЛОГИ

G38A9674

Сандра Митровска е родена 1980 година во Скопје. Дипломира на отсекот по соло пеење при Факултетот за музичка уметност во Скопје,  во класата на професор Билјана Јовановска-Јакимовска. Своето доусовршување го продолжува под менторство на професор Стојан Стојанов-Ганчев во неговото оперско студио во Загреб.  Дебитира со улогата на Сантука во операта „Кавалерија Рустикана“, изведена на 60 годишниот јубилеј на Македонската Опера и балет, во 2009 година. Меѓу улогите што ги остварува се вбројуваат: Кејт Пинкертон во „Мадам Батрфлај“Втората дама во  „Волшебната флејта“, Г-ѓа Грос во  „Свртување на штрафот“,  Леонора во „Трубадур“ , Мими во „Боеми“, Лиу во „Турандот“, Адријана Лекуврер во истоимената опера, Хана Главари во „ Веселата вдовица“ и Микаела во „Кармен“.

Добитник е на „Специјална прва награда“ на Меѓународниот натпревар по пеење „Бруна Шпилер“ во Херцег Нови – 2010 година и прва награда на натпреварот „Лазар Јовановиќ“ во Белград истата година.