Loading Настани

« Сите Настани

  • Овој настан е поминат.
Кармина Бурана – Карл Орф (2.4.2019) април 2 @ 8:00 pm - 9:00 pm 400МКД
carmina_burana

ДиригентБисера Чадловска
Асс. РежисерДејан Прошев
Хор мајсторЈасмина Ѓорѓеска, Ѓурѓица Дашиќ
Кореографија и либретоКан Арслан (Турција)
Асистент кореографАна Лусија Фереира (Португалија)
СценографМиодраг Табачки (Србија)
Костимограф на балетГизем Бетил (Турција)
Костимограф на Опера: Елена Дончева
РепетиториСаша Евтимова, Горан Божинов
Концерт мајстор: Јане Бакевски

Оперски солисти: Катерина Стојановска, Горан Начевски, Дејан Стоев

Балетски солисти: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Давиде Буфоне (Италија) и Мирослав Митрашиновиќ

Хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ

 

ШТО Е „КАРМИНА БУРАНА“

Наједноставно кажано, тоа е вечното актуелно прашање на животната радост, слободата и страста за која пееат уште патувачките студенти и клериците. Истоимениот ракопис од 13 век пронајден 1803 г. во баварскиот манастир Бенедиктбевер беше Орфова инспирација: конечно дваесетина текстови стануваат и конкретен текстуален предлог за ова музичко остварување. Композиторот ни овде не смета на потполно, логично разбирање, на различните јазици: барајќи ги корените на врската што постојат помеѓу митот, музиката и јазикот, разбирањето го нуди во спрега на сите елементи и неизбежното физичко движење – ритамот.
„Што е појасна и поедноставна пораката- уште посилен е и подиректен крајниот ефект“. Тој водечки принцип на Орфовото уметничко уверување, силината на неговиот звук и ритамот, произлегуваат уште од експерименталната Гинтерова школа за гимнастика, музика и игра чии што соосновач бил и Орф во Минхен 1924г. Светот на „Кармина Бурана“ е саканиот свет што го остваруваат најспремните. Таму каде што Фортуната- Среќата владее со светот, а сонцето и богот на љубовта имаат власт над сите, трае силна , незапирлива радост. Орфовата музика и неговата визија за театарската волшебност стануваат дел од екстазата на стариот грчки театар: низ неа се обновуваат мистериите, ритуалните свечености, латинската комедија но и фолклорниот театар од тоа поднебје.
Кармина Бурана веќе со години го привлекува вниманието на режисери и кореографи од целиот свет поради привлечноста на синкретизмот кој зрачи како неисцрпен извор на можности за нови идеи и инспирации.

Детали за настанот

Дата:
април 2
Час:
8:00 pm - 9:00 pm
Цена на билетот
400МКД
Настан Categories:
,
Website:
http://mob.com.mk/bileti/karmina-burana-karl-orf-02-04-2019.html?___store=mk&___from_store=en

Место

Македонска опера и балет
бул. Гоце Делчев бр.4
Скопје, Скопје 1000 Macedonia
+ Google Map
Телефон:
+389(02) 3118 – 451